fbpx

Вилма Русковска не си го вработила внукот во скопското обвинителство

-

Насловот на текстот „САМО ВИЛМА ИМА ВНУК КОЈ НЕ И Е РОДНИНА: Русковска си го вработува внукот во ОЈО Скопје, Антикорупциска не гледа судир на интереси“ шири дезинформации бидејќи шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Вилма Русковска, не си го вработила внукот Зоран Маркоски во ОЈО Скопје, пишува „КриТинк“.

Маркоски веќе десет години работи во Основното јавно обвинителство во Куманово. Тој е обвинител уште пред Русковска да биде назначена за шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„За овие 10 години сум конкурирал 10 пати“, вели Маркоски за „КриТинк“.

Работната позиција на Маркоски останува непроменета, независно од тоа што неговата тетка Русковска доби професионално унапредување од јавен обвинител во Основно јавно обвинителство во Основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителите ги избира Советот на јавни обвинители и од соопштението од 85. седница (17.01.2020) на Советот, на која се расправаше и за изборот на Маркоски, може да се види дека во Основното јавно обвинителство во Скопје, се избрани обвинителите: Адела Бојчевиќ, Александар Давчевски и Гаврил Ристовски. Помеѓу имињата на овие обвинители, не е внукот на Русковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...