fbpx
Таг: Володимир Зеленски

таг: Володимир Зеленски

Руски проектили го погодија Харкив, Зеленски во посета на Обединетото Кралство

Руските агресори вчеравечер извршија ракетен напад врз украинскиот град Харкив, погодувајќи го централниот дел. Проектилите го погодија и градскиот „Централ парк“, информираше градоначалникот на Харкив, Ихор Терехов на Телеграм, пренесе Укринформ. Нападите во североисточниот регион дојдоа откако шефот за национална безбедност на Украина, Олексеј Данилов, во интервју за Ројтерс рече дека се очекува Кремљ да ги таргетира Харкив или Запорижја,...

Украина бара забрзана испорака на оружје, Џонсон тврди дека Путин му се заканувал со ракетен напад

Британскиот премиер Борис Џонсон во документарен филм за Би-би-си изјави дека Владимир Путин пред воената инвазија врз Украина му се заканил со ракетен напад додека имале телефонски разговор, објави Би-би-си. Џонсон се обидел да го разубеди Путин пред инвазијата дека Украина во догледна иднина нема да постане членка на НАТО, а и го предупредил дека инвазијата на Украина ќе...

Покрај со Русија на военото поле, Зеленски на домашен терен започна борба и против корупцијата

Покрај воената агресија од Русија со која мора да се справува, украинската власт на домашен терен започна и борба против корупцијата меѓу високите функционери, а неопходно е и прочистување на редовите на Службата за безбедност од поединци поврзани со руските тајни служби, пренесуваат светските медиуми. Би-би-си пишува дека изминативе денови 11 високи функционери си дадоа оставки или беа разрешени поради...

Зеленски очекува силни одлуки од денешната средба на сојузниците за обезбедување нова воена помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата влада очекува „силни одлуки“ од сојузничките земји за време на денешниот состанок на лидерите на НАТО и другите земји што ќе се одржи во воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија, пренесува Гардијан. На најавениот состанок треба да се договори зајакнување на воената опременост на Украина со испорака на модерни борбени тенкови. Сојузниците ќе разговараат...

Османи на средба и со претседателот на Врховната Рада на Украина, Зеленски го повика Западот да го забрза снабдувањето со оружје

Шефот на македонската дипломатијата Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ во рамки на својата посета на Украина, освен со украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба се сретна и со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук. Османи повтори дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи...

Зеленски предупредува за будност на белоруската граница, Соледар не е целосно окупиран

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Лвив изјави дека украинските сили мора да бидат подготвени за евентуален нов руски напад од правецот на Белорусија. Тој рече дека станува збор за силите што се наоѓаат долж целата украинско-белоруска граница, заедно со оние што се наоѓаат во пограничните украински региони со Белорусија, пренесува Гардијан. Станува збор за граница која...

Ковачевски во телефонски разговор со Зеленски: Земјава ќе продолжи да ја поддржува Украина

Владата соопшти дека премиерот Димитар Ковачевски денеска имал телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кој ја пренел поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина. Притоа, Ковачевски ветил дека како премиер на земјата-претседавач со ОБСЕ, ќе ја посети Украина. „Војната која Русија ја започна пред речиси...

Зеленски предупредува за опасност од нова руска офанзива врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во последното обраќање во јавноста го повтори предупредувањето за опасноста од нова руска офанзива што би била извршена врз Украина во претстојниот период, пренесува Гардијан. „Не се сомневаме дека сегашните господари на Русија ќе фрлат сè што им преостанува и секој што можат да го соберат за да се обидат да го свртат текот на војната...

Русија ги интензивираше нападите над Украина за време на празниците

Повеќе експлозии го потресоа Кијив и други области во Украина за време на новогодишната ноќ од што загина најмалку едно лице а 14 беа повредени откако Русија ги интензивираше нападите, објави „Асошиејтед прес“. Украинските власти тврдат дека Русија намерно ги таргетира цивилите, сакајќи да создаде страв меѓу населението уште на почетокот на 2023 година. Првата дама на Украина, Олена Зеленска изрази...

Зеленски: 9 милиони жители се без струја поради руските бомбардирања на Украина

Околу 9 милиони жители од различни украински региони се без струја поради досегашните руски бомбардирања на цивилна инфраструктура во Украина, пренесува Укринформ. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се заблагодари на сите вработени во електроенергетскиот сектор и на сите тимови за поправки кои деноноќно работеа за да им обезбедат струја на што е можно поголем број...

Зеленски со пркосна божиќна порака, Путин изјави дека Русија е подготвена да преговара околу Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика својот народ да истрае пред руските напади додека земјата го слави Божиќ. Во пркосниот говор во саботата Зеленски рече дека слободата има висока цена, но ропството - уште повисока, јави Би-би-си. Опишувајќи ја Русија како „терористичка земја“, Зеленски ги обвини руските војници дека убиваат заради заплашување и задоволство. Во објава на социјалните мрежи тој...

Зеленски: Поддршката на САД е клучна за победата на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој за прв пат од почетокот на руската инвазија ја напушти земјата и отпатува во САД, на пратениците во Конгресот во Вашингтон им порача дека наспроти сите шанси, Украина сè уште се држи и им се заблагодари на Американците бидејќи финансиски ги помагаат украинските воени напори. Tој, како што пренесе Ројтерс, рече дека ова помош...

Зеленски во САД на прво патување по инвазијата, ќе се врати со системот „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е на пат за Вашингтон, каде што денеска ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, пишува Би-би-си. Ова е негово прво патување во странство по инвазијата што Русија ја започна на 24 февруари годинава. Белата куќа, исто така, го потврди патувањето и соопшти дека ќе ја снабдува Украина со американските системи за противвоздушна...

Зеленски ѝ пркоси на Русија, го посети Бахмут, кој украинските сили со недели успешно го бранат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ненајавено го посети градот Бахмут во Донецкиот регион, којшто руските сили веќе десетици недели наназад безуспешно се обидуваат да го заземат, иако станува збор за помало населено место, кое пред војната имаше околу 70.000 жители. Би-би-си јавува дека Зеленски се сретнал со војниците кои го бранат Бахмут и им доделил медали. Борбите во Украина продолжуваат, заедно...

Магазинот „Тајм“ го прогласи Зеленски за „Личност на годината“ за 2022 година

Угледниот магазин „Тајм“ денеска го прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски за „личност на годината“ за 2022 година, додавајќи дека тој ги инспирирал Украинците и освоил светски признанија за неговата храброст да се спротивстави на руската инвазија. Одбивајќи да го напушти главниот град на Украина со избувнувањето на војната, поранешниот комичар и глумец ги собра своите сонародници во преносите од главниот...

Украинските сили го подигнаа државното знаме на левиот брег на реката Днипро

Војници од украинската воздушна разузнавачка единица „Карлсон“ го подигнаа украинското знаме на левиот брег на реката Днипро во регионот Херсон, соопшти единицата на Фејсбук, пренесува Укринформ. „Ова ќе биде мост за деокупација на левиот брег на регионот Херсон“, соопшти војската. Руското гранатирање во овој регион сепак не престанува. Руските сили ги бранат претходно заземените територии, гранатирајќи ги позициите на украинските војници...

Русија вчера извршила 400 ракетни напади во источна Украина, вели Зеленски

Руските сили во текот на вчерашното деноноќие истрелале 400 ракети во источниот дел на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Гардијан. Ракетните напади продолжуваат, а претседателот Зеленски вели дека и покрај влошувањето на временските услови, најжестоките битки во земјата се водат во Донецкиот регион. Руските сили се повлекоа од десниот брег на реката Днипро во Херсонскиот регион, што...

Зеленски отворен за дијалог под 10 услови, Генералното собрание на ОН побара Русија да плати воена отштета

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на лидерите на Самитот Г-20 во Бали им порача дека дојде време да се стави крај на војната во Украина, но и порача дека ова е возможно да се случи само ако Русија го потврди целосниот територијален интегритет на Украина, пренесува Гардијан. „Убеден сум дека сега е моментот кога на руската деструктивна војна мора и може...

Зеленски го посети ослободениот Херсон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го посети ослободениот јужен град Херсон, од каде ги обвини руските сили дека извршиле воени злосторства пред да се повлечат минатата недела. „Одиме напред. Ние сме подготвени за мир, мир за целата наша земја“, им рече тој на војниците кои стоеја во формација пред административната зграда на главниот плоштад во градот, пренесе Ројтерс. Зеленски им се...

Зеленски ја обвини Русија за енергетски тероризам

Руските напади врз енергетската мрежа на Украина оставија 4,5 милиони луѓе без електрична енергија, заради што украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва за енергетски тероризам. Во последните неколку недели Русија изврши големи ракетни напади врз украинските електроенергетски постројки, откако официјални лица соопштија дека руските трупи најверојатно ќе се повлечат од клучниот јужен град Керсон. По овие најави во последните...

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...