Украинските сили го подигнаа државното знаме на левиот брег на реката Днипро

-

Војници од украинската воздушна разузнавачка единица „Карлсон“ го подигнаа украинското знаме на левиот брег на реката Днипро во регионот Херсон, соопшти единицата на Фејсбук, пренесува Укринформ.

„Ова ќе биде мост за деокупација на левиот брег на регионот Херсон“, соопшти војската.

Руското гранатирање во овој регион сепак не престанува. Руските сили ги бранат претходно заземените територии, гранатирајќи ги позициите на украинските војници и ослободените населени места со минофрлачи и ракетна артилерија.

Укринформ јавува и дека Русија синоќа извршила ракетен напад врз село во областа Запорижја, при што експлозиите оштетиле неколку приватни станбени згради и далноводи, но немало повредени лица.

Во меѓувреме, САД вели дека по повлекувањето на руските трупи од западниот дел на Херсон минатиот месец, борбите на територијата на Украина забавуваат и тоа најверојатно ќе продолжи во наредните зимски месеци. Сепак, директорката на американското разузнавање Аврил Хејнс вели дека нема докази за слабеење на отпорот од страна на украинските сили, пренесува Гардијан.

Според Хејнс, најголемиот дел од борбите во моментов се водат околу регионите Бахмут и Доњецк во источна Украина. Таа рече дека и украинската и руската војска ќе се обидат да се „обноват“ и да се подготват за контраофанзива напролет.

Војната во Украина сега е во деветтиот месец, а Русија изгуби повеќе од половина од териториите што ги зазеде.

Според Би-би-си, украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша ограничувањето на цените на руска нафта наметнато од западните сојузници како „слабо“, додавајќи дека тоа не е доволно за сериозно да ѝ наштети на руската економија.

Ограничувањето кое треба да стапи на сила утре има за цел да ги спречи земјите да плаќаат повеќе од 60 американски долари за барел руска сурова нафта преку море.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва се подготвила за овој потег и дека нема да го прифати ограничувањето на цената на нејзината нафта.

Цената на руската нафта ограничена на 60 долари за барел


 

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...