Зеленски: 9 милиони жители се без струја поради руските бомбардирања на Украина

-

Околу 9 милиони жители од различни украински региони се без струја поради досегашните руски бомбардирања на цивилна инфраструктура во Украина, пренесува Укринформ. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој им се заблагодари на сите вработени во електроенергетскиот сектор и на сите тимови за поправки кои деноноќно работеа за да им обезбедат струја на што е можно поголем број на граѓани за време на божиќните празници.

Зеленски потврди дека бројот на граѓани што се исклучени од снабдувањето со струја се намалува, но рестрикциите на електрична енергија ќе мора да останат и понатаму. Од 10 октомври годинава, руските сили во воената агресија врз Украина употребија над 1.000 ракети и дронови за да ја нападнат енергетската инфраструктура на Украина. Поради уништените објекти од руските напади, земјата е приморана да воведува рестрикции на струја, а по нападите одредени региони остануваат без снабдување и со вода и парно греење.

Украинскиот претседател во своето обраќање рече дека борбата во Донбас е „тешка и болна“, при што ги спомена градовите Бахмут во Донецкиот регион и Кремина во Луханскиот регион. Тој спомена дека областите во Донбас сега бараат максимална сила и концентрација на украинската војска, бидејќи линијата на фронтот е таму.

Регионалниот гувернер на Донецк, Павло Кириленко, во понеделникот изјави дека повеќе од 60 отсто од инфраструктурата во градот Бахмут, каде што се водат интензивни борби, е делумно или целосно уништена, пренесува Гардијан.

„Русија постојано ја гранатира инфраструктурата на Бахмут“, рече тој.

Портпаролот на воената команда на Украина, Серхиј Черевати, исто така, рече дека областите Бахмут и Авдивка во Донецкиот регион остануваат места на најтешки разорувања. Тој објави дека само во понеделникот имало 225 гранатирања од артилерија и тенкови во областа Бахмут.

Во меѓувреме, украинската војска соопшти дека десетици градови во регионите Луханск, Донецк, Харкив, Херсон и Запорижја биле гранатирани од руските сили.

Инаку, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека Украина има за цел да одржи мировен самит до крајот на февруари, и тоа по можност во Обединетите нации со нејзиниот генерален секретар, Антонио Гутереш, како можен посредник.

Сепак, министерот Кулеба рече дека Русија може да биде поканета само ако земјата прво се соочи со суд за воени злосторства за извршените злодела.

„Секоја војна завршува на дипломатски начин. Секоја војна завршува како резултат на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса“, изјави Кулеба.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...