fbpx

Ковачевски во телефонски разговор со Зеленски: Земјава ќе продолжи да ја поддржува Украина

-

Владата соопшти дека премиерот Димитар Ковачевски денеска имал телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во кој ја пренел поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина.

Притоа, Ковачевски ветил дека како премиер на земјата-претседавач со ОБСЕ, ќе ја посети Украина.

„Војната која Русија ја започна пред речиси една година е флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Украина е независна и суверена држава со целосно располагање на својот територијален интегритет. Агресијата која Русија ја врши е за најсилна осуда, бидејќи освен прекршување на нормите, таа предизвикува и големо човечко страдање и ја влошува глобалната економија“, истакна премиерот Ковачевски.

Претседателот Зеленски ја истакна благодарноста до македонскиот народ за сета досегашна помош и поддршка. Северна Македонија и како НАТО членка ќе продолжи со помош за Украина на сите потребни начини, пренесува Одделот за односи со јавноста на македонската влада.

Посебен фокус на разговорот бил развојот на настаните на воениот фронт како и улогата на ОБСЕ во можностите за прекин на војната.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...