fbpx

Османи на средба и со претседателот на Врховната Рада на Украина, Зеленски го повика Западот да го забрза снабдувањето со оружје

-

Шефот на македонската дипломатијата Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ во рамки на својата посета на Украина, освен со украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба се сретна и со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Османи повтори дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права, и дека Северна Македонија, оваа позиција ќе ја задржи и како земја претседавач со ОБСЕ, соопшти Министерството за надворешни работи.

„Го преземавме претседавањето со ОБСЕ во време на најтешката безбедносна и геополитичка криза по Втората светска војна. Сепак, ќе се посветиме на изнаоѓање дипломатски решенија без разлика колку компликувани состојбите на терен“, истакна Османи, додавајќи дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги интензивира комуникациите со сите украински власт околу можноста за враќање на мисијата на ОБСЕ во Украина.

Во меѓувреме, откако најмалку 40 луѓе загинаа во станбен блок при ракетен напад на градот Днипро, а украинските војници се под зголемен притисок на источниот фронт Украина го повика Западот да го забрза снабдувањето со оружје, пренесе Ројтерс.

Генералштабот на украинската армија во вторникот соопшти дека Русија извршила повеќе од 70 ракетни напади во изминатите 24 часа.

Се наведува дека руските сили гранатирале повеќе од 15 населби во близина на градот Бахмут во источниот регион Доњецк, вклучително и градот Соледар за ископ на сол, каде Русија и Украина водат жестока рововска војна со недели.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека смртоносниот напад на станбена зграда во централниот град Днипро ја истакна потребата од побрзи и подобро координирани одлуки за испорака на оружје во Украина.

„Она што се случи во Днипро покажува дека Русија подготвува нови обиди да преземе иницијатива во војната и покажува дека природата на воената акција на фронтот бара нови одлуки за набавка на оружје и нагласува колку е важно да се координираат сите напори и да се забрза донесувањето одлуки на коалицијата што ја брани Украина и слободата во Украина“, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...