fbpx

Зеленски: Поддршката на САД е клучна за победата на Украина

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој за прв пат од почетокот на руската инвазија ја напушти земјата и отпатува во САД, на пратениците во Конгресот во Вашингтон им порача дека наспроти сите шанси, Украина сè уште се држи и им се заблагодари на Американците бидејќи финансиски ги помагаат украинските воени напори. Tој, како што пренесе Ројтерс, рече дека ова помош не е милосрдие, туку инвестиција во глобална безбедност и демократија.

Зеленски вчера допатува во Вашингтон и имаше средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа и се обрати во Конгресот. Посетата имаше за цел да покаже дека американската поддршка за Украина и натаму е многу силна.

Зеленски оваа помош ја опиша како клучна за напорите да се победи Русија.

„Украина никогаш нема да се предаде, но ни треба уште оружје. Имаме артилерија, но дали е доволно? Искрено, не! Ни треба уште… Оваа војна не ја решава само судбината на една нација, туку ја тестира и светската демократија. Мирот не смее да има компромиси“, кажа Зеленски и развиори украинско знаме потпишано од бранителите на Бахмут, каде што веќе со недели се водат најжестоките борби.

Претходно во Белата куќа, Бајден му кажа на Зеленски дека САД ќе бидат со Украина колку што е потребно.

„Никогаш нема да бидете сами“, рече Бајден и го потврди новиот пакет воена помош од 1,8 милијарди долари, кој првпат вклучува и напреден противвоздушен систем „Патриот“.

На заедничката прес-конференција, Бајден изрази уверување дека меѓународната коалиција ќе се одржи.

„Путин нема намера да ја запре оваа сурова војна“, рече тој.

Зеленски изрази надеж дека Конгресот ќе го усвои законот за дополнителна помош од 45 милијарди долари следната година, иако Републиканците, кои сега имаат мнозинство во Претставничкиот дом, предупредија дека нема да напишат бланко чек за Украина.

Уапсени три лица од струшко осомничени за полови дејства со деца

Струшката полиција уапси еден малолетник и две возрасни лица од струшките села Враништа, Драслајца и Мороишта поради основано сомнение за полови дејства со деца помлади од 15 години. Од Основното...
Download Premium WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes Free
download udemy paid course for free
download lava firmware
Download WordPress Themes Free
free download udemy course