fbpx

Зеленски предупредува за опасност од нова руска офанзива врз Украина

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во последното обраќање во јавноста го повтори предупредувањето за опасноста од нова руска офанзива што би била извршена врз Украина во претстојниот период, пренесува Гардијан.

„Не се сомневаме дека сегашните господари на Русија ќе фрлат сè што им преостанува и секој што можат да го соберат за да се обидат да го свртат текот на војната и барем да го одложат нивниот пораз“, изјави Зеленски во своето видео обраќање.

Инаку, руското Министерство за одбрана соопшти дека бројот на загинати руски војници во украинскиот ракетен напад на нивна база во близина на Макиивка се зголемил на 89. Официјална Москва како ретко кога во изминатиов период излезе со податоци за бројот на загинати војници во поединечен украински напад, и притоа ги обвини самите војници дека нелегално ги користеле мобилните телефони, што довело до лоцирање на нивните позиции од страна на укранската армија.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека четири украински проектили ја погодиле привремената руска касарна што се наоѓала во образовно здание во градот  Макиивка во Донецкиот регион. Ова е еден од најсмртоносните напади на украинската армија врз руските сили од почетокот на воената инвазија врз Украина, при што украинските извори тврдат дека во нападот загинале околу 400 руски војници, а околу 300 биле повредени.

Руските сили во изминатово деноноќие продолжија со ракетните напади врз цивилни цели во украинските градови. Најмалку двајца цивили загинаа во градот Херсон во ракетните напади на руската војска, која во 73 наврати изминатово деноноќие го гаѓала градот, пренесува Укринформ. Пет жители на градот се здобиле со повреди во нападите.

Едно лице било повредено во рускиот ракетен напад врз градот Запорижја, во кој биле оштетени или уништени осум станбени згради и една градинка. Во нападите биле користени ракети од систем за противвоздушна одбрана С-300, јавува Укринформ. Украинските медиуми пишуваат и за регистрирани напади врз населено место во регионот Миколаив во кое биле уништени куќи, додека во Харкивскиот регион две лица биле повредени од руските напади врз градовите Купјанск, Вовчанск и Дворична.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...