четврток, 18 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: војска | 182 резултати

Турските сили убиле 14 курдски милитанти

јануари 5, 2016

Турските сили за безбедност убиле најмалку 14 милитанти во претежно курдскиот дел на југоистокот на земјата, соопштија денеска воени извори. Во интернет-соопштението на Генерал-штабот се наведува дека член на „селската стража“, кој се борел на страна на владините сили, е убиен денеска за време на судирите со борците на Работничката партија на Курдистан (ПКК) во […]

Кина оформи три нови воени единици

јануари 2, 2016

Кина оформи три нови воени тела, односно единици во рамки на реформите кои треба да ги модернизираат вооружените сили и да ја зголемат нивната борбената готовност. Државната телевизија денеска емитуваше снимка на која претседателот Кси Ѓинпинг им предава воени знамиња на лидерите на трите нови единици – генерална команда на Народната ослободителна армија, на ракетните […]

Американските специјалци фатиле лидер на ИД во Ирак

декември 28, 2015

Во ирачката провинција Киркук, американските специјални сили фатиле еден од лидерите на Исламска држава, Абу Омар ал Шишани. Агенцијата ЕИН јавува дека американските специјални сили минатиот петок фатиле, освен Ел Шишани, уште двајца команданти на Исламска држава и ликвидирале седум милитанти за време на десантската операција изведена во регионот Ел Ријад, во провинцијата Киркук. Според […]

Ирачките сили во офанзива за заземање на Рамади од ИД

декември 22, 2015

Вооружените сили на ирачката влада почнале офанзива за преземање на градот Рамади, кој во мај годинава беше заземен од милитантите на Исламска држава (ИД), јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на информации од ирачката влада. Портпаролот на службата за борба против тероризмот, Сабах ал-Нумани, изјавил дека ирачките трупи и припадници на милицијата, со воздушна поддршка, влегле во […]

Русија и Британија разговараа за избегнување воздушни и поморски инциденти

декември 18, 2015

Руското министерство за одбрана соопшти дека британски воени претставници разговарале со руските колеги во Москва за начини да се избегнат инциденти меѓу вооружените сили на двете земји во воздух и на море. Британија се жалела дека повеќепати морала да ги подигне своите борбени авиони поради руските бомбардери, кои летале премногу близу до британскиот воздушен простор. […]

Ал-Џафари: Турција до утре да ги повлече војниците од Ирак

декември 7, 2015

Ирачкиот министер за надворешни работи, Ибрахим ал-Џафари, соопшти дека Турција има рок до утре да ги повлече дополнителните турски сили од Ирак. Ал-Џафари рече ако Турција не ги повлече војниците, Ирак прашањето ќе го постави пред Советот за безбедност на Обединетите нации. Турција наведува дека нејзините војници од минатата година се стационирани во мала база […]

Иран: Со распоредување на војската, Турција ја става под закана регионалната безбедност

декември 6, 2015

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Хосеин Амир Абдолахиан, вчера во интервју за телевизијата „Прес“ изјави дека Турција ја става под закана регионалната безбедност со распоредувањето трупи во Северен Ирак. – Овој чекор на владата на Турција не само што нема да помогне да се порази тероризмот, туку и ќе доведе до хаос и ќе ја […]

Премиерот на Ирак бара турската војска да се повлече од нивната територија

декември 5, 2015

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади го осуди турското распоредување на војска во Северен Ирак, во близина на градот Мосул, и побара војниците итно да ја напуштат територијата. Во соопштението испратено денеска, Абади наведува дека влегувањето на турската војска во северната провинција Ниневех е нарушување на ирачкиот суверенитет. Ирачкото министерство за надворешни работи го опиша влегувањето на […]

Поранешен воен разузнавач пронајден мртов

ноември 23, 2015

Откако синоќа бил пријавен за исчезнат, поранешниот воен разузнавач Горан Софески утринава е пронајден мртов во шумскиот појас во близина на селото Раштани, пет километри од Кичево. Во тек е увидот на местото на настанот. Софески последен пати бил виден синоќа, кога излегол од дома на спортски лов и не се вратил. Утринава, околу 7 […]

Група курдски милитанти загинаа во судир со турската војска

ноември 13, 2015

Турските сили на безбедност ликвидираа 11 курдски милитанти во судирите во Анадолија, недалеку од границата со Сирија и со Ирак, а еден војник загина во вооружен судир на југоистокот на Турција, соопштија властите. Судирите во овој регион, кој претежно е населен со Курди, продолжуваат по двегодишното примирје што го прогласи Курдистанската работничка партија, а беше прекинато во […]

Сириските трупи ја презедоа контролата над автопатот кон Алепо

ноември 4, 2015

Сириската државна телевизија објави дека војската презела контрола над стратегиски важната сообраќајница на северот на земјата, која води кон Алепо, во централниот дел на Сирија. Како што е наведено, воените единици ја презеле целосно контролата над главниот автопат Алепо – Канасер – Итрија – Ал Самијех, по жестоки борби со Исламска држава. Експертите за мини […]

Ирак: Војската ги протерала милитантите од Беиџи

октомври 20, 2015

Ирачките безбедносни сили ги протерале милитантите на Исламска држава од градот Беиџи, во кој се наоѓа најголемата нафтена рафинерија во Ирак, јавуваат странските медиуми. Портпаролот на генералштабот на ирачката војска, бригадниот генерал Јахија Расол, ја потврди информација. Милитантите го освоија Беиџи за време на офанзивата во јуни 2014 година.

Словенечкиот парламент денеска одлучува за распоредување војска на границите

октомври 20, 2015

Словенечкиот парламент денеска треба да гласа за законските измени за распоредување сили на армијата на границите заради справување со бегалскиот бран, јавува „Би-Би-Си“. Се очекува парламентот денеска попладне да ги одобри измените за ангажирање на армијата, за што е потребно дво-третинско мнозинство. Измените ќе бидат на сила три месеци. Како што пренесува словенечката државна телевизија, […]

Чешка испраќа војска во Унгарија

октомври 6, 2015

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка соопшти дека неговата земја испраќа во Унгарија уште војници и полицајци. В четврток, министрите за внатрешни работи на Вишеградската група ќе прецизираат како Словачка и Полска ќе помогнат во чувањето на унгарската граница. – Во другата фаза од помошта за Унгарија, Чешка ќе испрати повеќе војници и полицајци од тие 25 […]

Пучистите и војската во Буркина Фасо постигнаа договор

септември 23, 2015

Припадниците на елитната претседателска гарда, кои минатата недела извршија државен удар во Буркина Фасо, и членовите на војската лојална на актуелната влада, потпишаа договор. Лидерот на етничката заедница Моси, Мого Наба, рекол дека со потпишување на договорот, претседателската гарда се согласила да ја напушти улицата Угадугуа и да се врати во касарната, а припадниците на војската […]

Земан: Наместо ѕид, пред бегалците да се постави жива сила

септември 22, 2015

Претседателот на Чешка, Милош Земан, денеска побара на границата на земјата да се постават војници пред новиот бран бегалци и ја одби идејата на министерот за одбрана, Мартин Стропњицки, чешките воени мисии да помагаат во запирањето на мигрантите, но во Јордан. – Не сакам огради затоа што секогаш ме потсетуваат на Берлинскиот ѕид. Мислам дека […]

Рохани: Иранската војска е најдобрата сила за справување со терористите во регионот

септември 22, 2015

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека војската на неговата земја е „најдобрата сила во борбата против терористите во регионот“. Рохани, за време на воената парада во земјата, рече дека војската е подготвена да им помогне на Ирак и на Сирија во борбата против милитантите на Исламска држава, додавајќи дека Техеран нема никакви воени претензии кон овие […]

Фабиус: Нема да праќаме копнени сили во Сирија

септември 22, 2015

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус верува дека неговата земја нема да испрати копнени сили во операцијата во Сирија. – Би било незамисливо да испратиме француска војска во копнена операција во Сирија. Веројатно би биле осамени во тоа, бидејќи ниту една друга земја не планира да преземе таков чекор – рече Фабиус во интервју […]

Унгарија дозволи војската да се справува со бегалците

септември 21, 2015

Унгарскиот парламент денеска го усвои законот со кој на владата ѝ се дозволува да испрати војска на границите за да се справи со бегалската криза. Во согласност со законот, армијата ќе има дозвола да употреби гумени куршуми, пиротехнички средства, гранати-солзавец, пиштоли кои фрлаат мрежа. Законот е усвоен со 151 глас „за“, 12 „против“, а 27 од пратениците […]

Орбан бара испраќање војска на границите на Унгарија

септември 21, 2015

Членките на Европската унија ќе бидат присилени да се заштитат од „заканата“ од масовна миграција, додека не договорат единствено решение за проблемот, рече денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. – Загрозени се нашите граници, нашиот живот кој се темели на почитување на законите… и цела Европа. Ќе нè прегазат – рече Орбан во говорот во парламентот, […]

Страна 7 од 9