Сириската државна телевизија објави дека војската презела контрола над стратегиски важната сообраќајница на северот на земјата, која води кон Алепо, во централниот дел на Сирија.
Како што е наведено, воените единици ја презеле целосно контролата над главниот автопат Алепо – Канасер – Итрија – Ал Самијех, по жестоки борби со Исламска држава.
Експертите за мини почнале да го чистат теренот, а патот за цивилен сообраќај ќе биде отворен на 5 ноември, стои во соопштението.
Контролата над Алепо, најголемиот град во Сирија пред војната, е поделена меѓу владините трупи и бунтовници кои немаат врска со Исламска држава.