fbpx
Таг: војска

таг: војска

Бугарија распоредува војска на границите поради мигрантската криза

Бугарија ќе распоред припадници на армијата на границите со Македонија и Грција поради критичната состојба со мигрантите, соопштија бугарските власти. Како што јавувата медиумите од Софија, бугарското министерство за одбрана ќе предложи конкретни мерки кои ќе овозможат армија и полицијата подобро да ја обезбедуваат државната граница. Одлуката за распоредување на армиски сили е донесена на вчерашниот состанок во бугарското МВР,...

МВР за состојбата на границата: Се чека доаѓањето на припадниците на АРМ

Припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) во текот на денот се очекува да им се приклучат на полициските екипи кои ја обезбедуваат јужната граница откако Владата завчера донесе одлука за прогласување на кризна состојба поради големиот наплив на мигранти. Како што соопштуваат од МВР, во земјава се дозволува влез на на лимитиран број илегални мигранти од поранливите категории кои...

Ирак: 14 загинати во судирите на војската со припадници на ИД

Најмалку 14 лица загинаа во судирите на ирачките безбедносни сили со припадници на Исламска држава во Анбар и во Салахудин, соопштија ирачките воени власти, додавајќи дека ирачките сили на копно биле поддржувани и од воздухопловните сили. Локалните медиуми јавуваат дека најжестоки борби изутринава се воделе во Сидикија и во Тал Машејда, источно од градот Рамади, при што загинале тројца ирачки...

Нигериската армија ослободила 178 заложници на Боко харам, главно жени и деца

Нигериската војска денеска соопшти дека нејзини трупи спасиле 178 луѓе, заробени од исламистичката милитантна група Боко харам, во северниот дел на државата Борно. Како што јавуваат медиумите, во изјавата објавена денеска, се наведува дека 101 од ослободените лица биле деца, а 67 биле жени. Во изјавата не се наведува дали меѓу ослободените се и девојчињата што беа грабнати од училиштето...

Нигериската војска ослободи 180 затвореници

Нигериската војска ослободила 180 затвореници, соопштувајќи дека тие веќе не се осомничени за поврзаност со екстремистичката група Боко харам. Помеѓу ослободените затвореници има и жени со бебиња и со мали деца. Затворениците се ослободени по завршување на истрагата, која покажала дека не се виновни по обвинувањето, по што тие се пренесени во државата Борно, каде што ќе им се придружат на своите...

Претседателот на Египет во инспекција на војската во Синај

Инспекција на силите за безбедност на Синајскиот Полуостров, каде тие се борат со борци кои ја поддржуваат групата Исламска држава, денеска изврши египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Сиси се сретна со претставници на армијата и на полицијата. Тој го посети главниот штаб на војските во Северен Синај и беше запознат со операцијата што се води против џихадистите. Силите за безбедност...

Почна акција за протерување на ИД од Анбар

Ирачката државна телевизија објави дека почнале операциите кои треба да ги избркаат милитантите на Исламска држава од провинцијата Анбар, каде групата претходниот месец го презеде главниот град Рамади. Телевизијата соопшти дека ирачката армија е потпомогната од шиитските и од сунитските паравоени сили. Почетокот на акција доаѓа еден ден по повиците на американскиот заменик-претседател Џо Бајден и на ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади. Бајден...

Почна меѓународната вежба „Балкански одговор 2015“

Припадници на македонските вооружени сили учествуваат на мултинационалната цивилно-воена вежба „Балкански одговор 2015“, која почна денеска во касарната „Цар Лазар“ и на полигонот Равњак во српскиот град Крушевац. Целта на вежбата, која трае до петок, 29 мај, е тренирање спасување во услови на контаминација настаната поради терористички напад со оружје за масовно уништување. Во вежбите, покрај македонските и припадниците на српското министерство...

Убиени 22 милитанти во Алжир

Најмалку 22 милитанти поврзани со Исламска држава се убиени во нападот на алжирските војници, соопшти алжирското Министерство за одбрана. Војниците им поставиле заседа на милитантите во моментот кога имале состанок источно од главниот град Алжир, во близина на местото Буира. Регионот е познат како упориште на милитантите. - Ова е најголема антитерористичка операција, најголема според бројот на убиените милитанти – соопшти...

Борисов: Војската е ставена на готовс поради ситуацијата во Македонија

Бугарската војска е распоредена на границите и е ставена на готовс доколку во Македонија се влоши ситуацијата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов. Бугарскиот премиер соопшти дека подготвени се специјални пунктови за македонските граѓани со бугарски пасоши, кои во случај да се влоши ситуацијата, ќе одлучат да заминат во Бугарија.

Војската на Србија ја зголеми борбената готовност

Војската на Србија го подигна нивото на борбената готовност и спремни сме заедно од другите безбедносни структури на Србија да одговориме на сите предизвици што би го загрозиле суверенитетот и интегритетот на Србија и нејзините граѓани, изјави министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, кој вчера ја посети најјужната српска база Чворе, како и граничниот премин Прешево. Гашиќ нагласи дека тие...

Пакистанската војска убила 47 талибанци

Пакистанската војска соопшти дека во воздушните напади што ги извршила изминатите два дена се убиени 47 талибански борци. Мета на нападите било упориштето во северниот дел на Вазиристан. Медиумите не можат да го утврдат бројот и идентитетот на убиените затоа што им е ограничено движењето во планинските делови на Пакистан, во близина со авганистанската граница. Последниот напад е дел од антитерористичката операција,...

Се сруши авион на јорданската војска, двајца пилоти погинаа

Авион на јорданската војска се срушил при рутински лет, а двајцата пилоти загинале, соопшти војската. Портпаролот на војската, полковник Мамдух ал Амири, потврди дека се срушил авионот „фајрфлај“ во просторот за обука на пилоти, но не ја навел причината за падот. Ал Амри навел дека погинале јорданскиот пилот потполковник Ибрахим Хасунех и ирачкиот пилот-приправник Лаит Насер. Јорданската војска имаше сличен инцидент во...

Џихадистите ја нападнаа египетската војска – 32 загинати

Најмалку 32 лица загинаа, од кои 15 војници и двајца цивили во петте симултани напади на војската на северот на египетскиот полуостров Синај, каде војската се бори со локалниот разгранок на Исламска држава, соопшти египетската полиција. „Терористите со автоматско оружје и со ракети нападнале пет контролни пунктови што го држи војската – соопштија локални претставници на полицијата. Властите го користат терминот...

Саудиска Арабија ќе испрати војска во Јемен само во случај на потреба

Копнени сили во Јемен против Хутите, ќе испрати Саудиска Арабија само во случај на потреба. - Таму може да има ограничена копнена операција, на определено место и во определено место. Но, не очекувајте автоматски да преземеме копнена операција - изјави бригадниот генерал Ахмед Асери, портпарол на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Тој истакна дека целите можат да бидат постигнати со други...

Пакистанската армија убила 80 бунтовници

Најмалку 80 бунтовници се убиени, а околу 100 се повредени за време на операцијата на пакистанската армија во близина на авганистанската граница. Како што соопштија пакистанските власти, за време на дводневната операција загинале седум пакистански војници.

Ирачката војска тргна во офанзива на Тикрит

Ирак почна воена акција за заземање на родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, кој се наоѓа под контрола на Исламска држава, јавува ирачката телевизија. Локалните медиуми известуваат дека вооружена воена пешадија почнала да продира во седиштето на градот, додека од воздух е поддржана од воени борбени авиони. Тикрит се наоѓа 150 километри од главниот град Багдад, а радикалните исламисти го зазедоа...

Нигерија: Убиени 207 припадници на Боко харам

Вкупно 207 припадници на радикалната екстремистичка група Боко харам вчера се убиени во акција на војската на Чад во североисточниот дел на Нигерија. Како што јавуваат локалните медиуми, воените сили, во близина на границата со Камерун, заплениле големо количество оружје и муниција. Во офанзивата, еден војник на Чад загинал, а девет се ранети.

Украинската војска нападната 112 пати од почетокот на примирјето

Киев објави дека украинската војска во последните 24 часа била 112 пати под огнот на сепаратистите и тоа без оглед на примирјето што стапи на сила на 15 февруари. Министерот за надворешни работи, Павло Климкин, изјави дека Украина целосно го почитува примирјето, но ги обвини сепаратистите од Донецк и од Луганск за артилериски напад, како и за напади со ракетниот систем „Град“. Завојуваните...

Од почетокот на примирјето 60 пати е стрелано врз украинската војска

Проруските сили 60 пати стрелале врз позиции на украинската војска од почетокот на прекинот на огнот договорен во Минск, соопшти официјален Киев. Претставникот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Лисенко, претходно соопшти дека е намален бројот на нападите во Донецк и во Луганск, додавајќи дека украинската војска го почитува режимот на примирје, но оти ќе реагира...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...