сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: војска | 182 резултати

Џихадистите ја нападнаа египетската војска – 32 загинати

април 2, 2015

Најмалку 32 лица загинаа, од кои 15 војници и двајца цивили во петте симултани напади на војската на северот на египетскиот полуостров Синај, каде војската се бори со локалниот разгранок на Исламска држава, соопшти египетската полиција. „Терористите со автоматско оружје и со ракети нападнале пет контролни пунктови што го држи војската – соопштија локални претставници на […]

Саудиска Арабија ќе испрати војска во Јемен само во случај на потреба

април 1, 2015

Копнени сили во Јемен против Хутите, ќе испрати Саудиска Арабија само во случај на потреба. – Таму може да има ограничена копнена операција, на определено место и во определено место. Но, не очекувајте автоматски да преземеме копнена операција – изјави бригадниот генерал Ахмед Асери, портпарол на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Тој истакна дека целите […]

Пакистанската армија убила 80 бунтовници

март 22, 2015

Најмалку 80 бунтовници се убиени, а околу 100 се повредени за време на операцијата на пакистанската армија во близина на авганистанската граница. Како што соопштија пакистанските власти, за време на дводневната операција загинале седум пакистански војници.

Ирачката војска тргна во офанзива на Тикрит

март 2, 2015

Ирак почна воена акција за заземање на родниот град на Садам Хусеин, Тикрит, кој се наоѓа под контрола на Исламска држава, јавува ирачката телевизија. Локалните медиуми известуваат дека вооружена воена пешадија почнала да продира во седиштето на градот, додека од воздух е поддржана од воени борбени авиони. Тикрит се наоѓа 150 километри од главниот град […]

Нигерија: Убиени 207 припадници на Боко харам

февруари 25, 2015

Вкупно 207 припадници на радикалната екстремистичка група Боко харам вчера се убиени во акција на војската на Чад во североисточниот дел на Нигерија. Како што јавуваат локалните медиуми, воените сили, во близина на границата со Камерун, заплениле големо количество оружје и муниција. Во офанзивата, еден војник на Чад загинал, а девет се ранети.

Украинската војска нападната 112 пати од почетокот на примирјето

февруари 16, 2015

Киев објави дека украинската војска во последните 24 часа била 112 пати под огнот на сепаратистите и тоа без оглед на примирјето што стапи на сила на 15 февруари. Министерот за надворешни работи, Павло Климкин, изјави дека Украина целосно го почитува примирјето, но ги обвини сепаратистите од Донецк и од Луганск за артилериски напад, како и за […]

Од почетокот на примирјето 60 пати е стрелано врз украинската војска

февруари 15, 2015

Проруските сили 60 пати стрелале врз позиции на украинската војска од почетокот на прекинот на огнот договорен во Минск, соопшти официјален Киев. Претставникот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Лисенко, претходно соопшти дека е намален бројот на нападите во Донецк и во Луганск, додавајќи дека украинската војска го почитува режимот на […]

Киев: 1.500 руски војници и конвој воена опрема ја минаа границата

февруари 9, 2015

Најмалку 1.500 руски војници и конвој воена опрема во текот на викендов влегоа во Украина, соопшти денеска украинска војска. Портпаролот на украинската војска, Андреј Лисенско, на новинарите им соопшти дека 1.500 руски војници и 300 парчиња воена опрема, вклучувајќи и ракетен систем „град“, ја минале украинско-руската граница на 7 и на 8 февруари. Околу 170 […]

Војската дојде на помош во поплавената Пелагонија

февруари 3, 2015

Од утрово припадници на АРМ, Кризниот штаб на пелагониските општини и месното население, почнаа голема акција за санирање на штетите на коритото на реката Црна во Пелагонија, која се излеа на неколку места. Вреќи со песок се поставуваат на најкритичните места од селото Тополчани, па сè до течението на Црна во општините Могила и Новаци. […]

Во Северна Кореја и жени ќе одат во војска

февруари 3, 2015

Задолжително служење воен рок за жени воведе Северна Кореја. Според одлуката, ќе се регрутираат девојки од 17 до 20 години. Според наводите, веќе се извршени прелиминарни прегледи на девојките за воената обука која ќе почне во април. Минималната висина за жените-војници во севернокорејската војска е намалена на 142 сантиметри, но како што наведува изворот, стандардот […]

Сепаратистите во Донецк ќе мобилизираат 100.000 војници

февруари 2, 2015

Лидерот на сепаратистичката република Донецк, Источна Украина, денеска соопшти дека во следните неколку дена ќе се мобилизираат 100.000 луѓе за да се борат со украинските сили, јавува официјалната сепаратистичка агенција ДАН. – За десет дена во Народна Република Донецк ќе се случи општа мобилизација. Предвидена е мобилизација на околу 100.000 луѓе – рече Александар Закарченко. Бунтовниците […]

Донецк: Украинската војска се повлече од аеродромот

јануари 22, 2015

Украинската војска се повлече од новиот аеродромски терминал во Донецк, на истокот на Украина, по неколкумесечни борби со проруските сили, соопшти војската. – Вчера е одлучено да се напушти територијата на терминалот поради прегрупирање – рече портпаролот на војската, Владислав Селезњов, додавајќи дека во судирите на аеродромот се убиени 10, а ранети 16 украински војници. Борбата за […]

Путин најави зајакнување на војската

јануари 20, 2015

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија мора да ги зајакне своите вооружени сили за да го заштити својот суверенитетот од другите земји кои би можеле да ѝ се заканат на Москва. Коментарот на Путин е потврда дека е подготвен за спроведување на програмата за модернизација на вооружените сили. – Ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата […]

Франција мобилизира 10.000 војници

јануари 12, 2015

Франција мобилизира дополнителни 10.000 војници за да ја зајакне безбедноста по минатонеделните напади, а повеќе од илјада полицајци ќе бидат распоредени за заштита на еврејските училиште. Министерот за одбрана на Франција, Жан – Ив ле Дриан, соопшти дека војниците од вторник ќе бидат распоредени по најчувствителните места. Изјавата доаѓа по денешната средбата на францускиот кабинет, посветена на […]

Наскоро дронови ќе летаат во затворени простории

декември 24, 2014

Американската воена истражувачка единица ДАРПА работи на развој на мали беспилотни летала кои би се користеле во затворени простории и кои би развивале брзина до 70 километри на час. Проектот кој го носи името „Програма за брза и лесна автономија“, посветен е на развој на поприлично застрашувачки дронови, а инспирацијата доаѓа од природата и тоа […]

Хакери открија што сè САД ѝ испраќа на украинската војска

ноември 26, 2014

САД ќе ѝ дадат на украинската амија три контрабатериски радари во вредност од стотина илјади долари, но тоа е ситница во однос на тоа што Американците веќе испраќаат или допрва ќе им пратат на Украинците, тврди хакерската група „Киберберкут“ на својата интернет-страница. Според „Киберберкут“, САД сериозно ја снабдува украинската војска. Тие тврдат дека поседуваат тајни документи […]

Обама: Нема да испратам копнени сили против ИСИС

ноември 16, 2014

Американскиот претседател Барак Обама повтори дека не сака да испраќа копнени сили во борбата против борците на Исламска држава. Тој наведе дека секогаш постојат околности во кои САД би морале да распоредат копнени сили. Обама наведе дека, хипотетички, ако борците на ИСИС дојдат до нуклеарно оружје, Вашингтон во такво сценарио нема да се двоуми да […]

Ирак: Сменети 26 воени офицери поради корупција

ноември 13, 2014

Ирачкиот премиер Хајдар ел Абади смени 26 воени офицери поради корупција и неспособност да се соочат со џихадистите од Исламска држава. – Воениот персонал мора да биде компетентен и тоа е особено важно затоа што не може да се работи како што треба ако персоналот не е ефикасен – рече Абади за ирачката телевизија. Премиерот на Ирак […]

Страна 9 од 9