Војската дојде на помош во поплавената Пелагонија

-

Од утрово припадници на АРМ, Кризниот штаб на пелагониските општини и месното население, почнаа голема акција за санирање на штетите на коритото на реката Црна во Пелагонија, која се излеа на неколку места. Вреќи со песок се поставуваат на најкритичните места од селото Тополчани, па сè до течението на Црна во општините Могила и Новаци.

– Од рано утрово почнавме со работа. Се полнат 10.000 вреќи и веќе ги поставуваме на оние места каде коритото беше оштетно. Тука е и војската, а се очекува претпладне да нè посети и претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов. Во моментов сме во атарот на Тополчани – вели Димче Јошевски, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

Црна сè уште прави проблеми во пелагониските општини Могила и Новаци. Критични се селата Лознани и Чарлија.

– На терен сме заедно со војската и со локалното население, да помогнеме да се врати во првобитната состојба коритото на Црна, кај неколку села каде постои опасност од поплавување и на домовите и на шталите – вели утрово градоначланикот на Новаци, Лазар Котевски.

Синоќа во Битола беше и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој најави дека во големата акција за справување со поплавите во Пелагонија ќе се вклучи Армијата со повеќе од 250 војници, кои ќе работат на два пункта на реката Црна каде што има излевање на водите, а целта е да се санира коритото каде што е пробиено.

– Доколку успееме, тогаш целосно ќе ја спасиме општината Новаци од дополнително излевање на водата – рече министерот Јанакиески.

Во поплавените региони веќе се врши контрола на водата за пиење, а според Јанакиевски, донесени се повеќе мерки за периодот по повлекувањето на водата, за дезинфекција и за дезинсекција на површините.

А.Б.

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде што екипите...

Вработената во Општина Кочани беше повредена со пластично шише

„Вистиномер“ на социјалните мрежи пронајде објавен видеоматеријал на којшто е прикажан инцидентот и на него се гледа дека сите шишиња коишто се поставени на масата за советниците, се пластични, пишува „Вистиномер“ Во...

Иран упати остро предупредување до Трамп: Ќе ја завршиме оваа војна

Иран изјави дека нападот на САД врз нивнитенуклеарни постројки го проширил опсегот на легитимни цели за неговите вооружени сили и го нарекоа американскиот претседател Доналд Трамп „коцкар“ затоа што се приклучил...

Magic: The Gathering карта од новата едиција на Final Fantasy доби обид за продажба по цена од 50.000 долари

Картата „Golden Traveling Chocobo“ доби обид за продажба од 50.000 долари на eBay. Се работи за најнов кросовер помеѓу Magic: The Gathering и Final Fantasy серијалот, едицијата што излезе на 13...

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку 10 лица, а десетици беа повредени

Руски беспилотни летала и ракети убија најмалку 10 цивили во Украина во вечерни напади, соопштија локалните власти денеска, а седум смртни случаи се пријавени во главниот град Киев, каде...