Претседателот на Египет во инспекција на војската во Синај

-

Инспекција на силите за безбедност на Синајскиот Полуостров, каде тие се борат со борци кои ја поддржуваат групата Исламска држава, денеска изврши египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

Сиси се сретна со претставници на армијата и на полицијата. Тој го посети главниот штаб на војските во Северен Синај и беше запознат со операцијата што се води против џихадистите.

Силите за безбедност во Синај се подложни на напади од џихадистите, откако во Египет во 2011 година беше соборен режимот на Хосни Мубарак. Екстремистите ги засилија своите вооружени активности откако армија во 2013 година го отстрани од власта претседателот Мохамед Морси.

Неделава борците, поврзани со Исламска држава, извршија координирани напади врз силите за безбедност во Синај.

Според армијата во нападите и борбите што следеле загинале 17 војници и 100 екстремисти.

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени во Киев,...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

Трамп посредува за спас на крипто-законите во САД по застојот во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот интервенираше за да постигне договор меѓу републиканските конгресмени по застојот во Претставничкиот дом што го доведе во прашање усвојувањето на долгоочекуваната крипто-законска рамка, регулатива што...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Украина чека битни детали за оружјето вредно „милијарди долари“ ветено од Трамп

Украина чека дополнителни детали за американската воена опрема вредна „милијарди долари“ што ја вети Доналд Трамп, поради конфузија околу тоа колку системи за воздушна одбрана „Патриот“ ќе бидат испратени...