Пучистите и војската во Буркина Фасо постигнаа договор

-

Припадниците на елитната претседателска гарда, кои минатата недела извршија државен удар во Буркина Фасо, и членовите на војската лојална на актуелната влада, потпишаа договор.

Лидерот на етничката заедница Моси, Мого Наба, рекол дека со потпишување на договорот, претседателската гарда се согласила да ја напушти улицата Угадугуа и да се врати во касарната, а припадниците на војската кои се лојални на владата да се повлечат на 50 километри од главниот град.

Припадниците на претседателската гарда кои го поддржуваат сменетиот претседател Блез Компаоре, минатата недела упаднаа на состанокот на државниот кабинет и ги приведоа како заложници привремениот претседател Мишел Кафандо и членовите на владата, неколку недели пред претседателските избори.

Движењето на гардистите ќе им биде ограничено во нивната база, а ќе мораат да направат и попис на оружјето во рок од 72 часа.

Францускиот претседател Франсоа Оланд побара сите кои се вклучени во пучот, веднаш да го положат оружјето и да ја предадат власта на легитимните власти или ќе се соочат со последици.

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати...