fbpx

Фабиус: Нема да праќаме копнени сили во Сирија

-

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус верува дека неговата земја нема да испрати копнени сили во операцијата во Сирија.

– Би било незамисливо да испратиме француска војска во копнена операција во Сирија. Веројатно би биле осамени во тоа, бидејќи ниту една друга земја не планира да преземе таков чекор – рече Фабиус во интервју за весникот „Фигаро“.

Тој додаде дека „искуствата од вооружените судири во минатото покажуваат дека таквите војни невозможно е да се добијат во земјите со помош на војски на други држави“.

– Секако, воената авијација на меѓународната коалиција може да помогне и е способна да даде поддршка, но во реалноста таквата воена операција мора да биде спроведена од претставниците на локалната популација и од земјите од регионот – нагласи шефот на француската дипломатија.

На прашање дали Франција покажува недоследност со тоа што прво ја отфрли идејата за воздушни напади во Сирија, за потоа да објави дека се неопходни, Фабиус одговори дека Париз „добил верификувани податоци за тоа дека Исламска држава подготвува во Сирија терористички напади во Франција и во други земји“.

– Соочена со такви закани, Франција одлучи да изврши извиднички летови, што ќе ни овозможи да извршиме воздушни удари ако бидат потребни. Тоа е легална самоодбрана – рече Фабиус, додавајќи дека во сето тоа „нема недоследност“ затоа што Париз само го прилагодил ставот поради појавата на нови закани, чие постоење е докажано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.