среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: владина седница | 120 резултати

Владата го разреши директорот на Управата за извршување на санкции

јануари 17, 2023

Владата на денешната седница донесе одлука да го разреши Марјан Спасовски од должноста директор на Управа за извршување на санкциите, информираат од владината прес-служба. Одлука за назначување на нов директор засега нема, а владиното соопштение следи откако вчера премиерот Димитар Ковачевски изјави дека почнал селекција на нов директор, бидејќи не бил задоволен од работата на […]

Владата им го продолжи зимскиот распуст на основците и на средношколците

јануари 10, 2023

Поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, на барање на Министерството за образование и наука, Владата на 118-та редовна седница одлучи второто полугодие од учебната 2022/23 година наместо на 18 јануари, да започне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици од основно и средно образование во земјава, информираат од […]

Владата донесе одлука да го поништи државјанството на Онишченко

декември 6, 2022

Македонската влада на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, информираат од владината прес-служба. „Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од […]

Компанијата „ТехноАлпин“ заинтересирана да инвестира 186 милиони евра во Попова Шапка

ноември 25, 2022

Италијанската компанија „ТехноАлпин“ од Јужен Тирол е заинтересирана за инвестиции во скијачкиот центар Попова Шапка. Како што соопшти денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, понудата на компанијата добила зелено светло и од Владата. Се работи за проект тежок 186 милиони евра и истиот вклучува реновирање на постојните капацитети, поставување на систем […]

Ќе се распише повик за субвенции за авиокомпаниите што сакаат да воведат летови од земјава

ноември 9, 2022

Владата планира да додели финансиска поддршка за авиокомпаниите кои планираат да воведат нови летови од македонските аеродроми кон странство за периодот 2023-2025 година. Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата за донесување Програма за определување средства потребни за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај на домашни и странски превозници […]

Владата одобри изградба на грчка ко-генеративна електрана во Скопје

октомври 10, 2022

На денешната 89-та владина седница, била донесена одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект за проектот „Митилинеос“ Когенеративна постројка Скопје“ на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија Митилинеос ДООЕЛ Скопје. Како што соопшти владината служба за информирање, вредноста на инвестицијата се предвидува да биде 211 милиони евра и според предвиденото, се состои […]

Владата предлага фотоволтаичните електрани да се поставуваат без градежна дозвола

август 30, 2022

На денешната владина седница беа усвоени измените и дополнувањата на Законот за градење за да се поедностави процедурата за поставување на фотонапонски електро-централи од граѓаните и компаниите, информираше министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Законските измени ќе бидат доставени во собраниска процедура и истите значат дека во иднина изведбата на ваквите централи ќе биде […]

Електричните возила e-go ќе се произведуваат во Тетово

август 11, 2022

Владата на денешната седница донесе Одлука за давање согласност на Договорот за доделување на државна помош склучен помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”. Со мултимилионска инвестиција од НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ СЕ, Ахен, Германија во ТИРЗ Тетово е планирано да се произведуваат електричните возила […]

Владата ја замрзна маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10 отсто

август 11, 2022

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе Одлука за определување на највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев. Согласно Одлуката, највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 отсто, […]

Македонија сака да пристапи кон новата програма на ЕУ – Дигитална Европа

август 4, 2022

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон програмата Дигитална Европа – Digital Europe (DIGITAL), подготвена од Министерството за информатичко општество и администрација, информираат од владината прес-служба. „Програмата DIGITAL, претставува нова програма на Европската Унија насочена кон приближување на дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација, […]

Владата го задолжи АД ЕСМ да основа компании што ќе го заменат БЕГ во испораката на парно греење во Скопје

јули 21, 2022

Владата на вчерашната седница го задолжи АД ЕСМ – Скопје да основа три трговски друштва со ограничена одговорност што ќе вршат производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија за подрачјето на Град Скопје. Електростопанство на Северна Македонија ќе биде основач и единствен содружник на друштвата, а ваквиот чекор следи откако Регулаторната комисија за енергетика и […]

Владата го одобри францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ

јули 16, 2022

На одржаната 60-та седница, Владата ги разгледа и усвои заклучоците кои денеска ги изгласа Собранието и врз основа на тие заклучоци донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство од 30 јуни, соопшти претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, по завршувањето на владината седница. „Со оваа одлука го отпочнуваме процесот на […]

Македонскиот државен врв даде согласност за прием на Финска и Шведска во НАТО

мај 19, 2022

Како земја-членка на НАТО, Владата на Република Северна Македонија на вчерашната вонредна седница ја донесе одлуката да го овласти постојаниот претставник на нашата земја во НАТО, амбасадорот Дане Талески, да даде согласност за прием на Кралството Шведска и Република Финска за членство во НАТО, информираат од владината прес-служба. Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште […]

Владата одлучи дека нема да има продолжување на учебната година

мај 11, 2022

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 44 редовна седница ја донесе Одлуката за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во средните училишта. На седницата беше утврден бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта да изнесува 146 наставни денови, односно беше донесена одлуката да нема продолжување на […]

Владата ги укина задолжителните ковид сертификати при влез во земјава

април 20, 2022

Владата на вчерашната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и предлогот на Главниот координативен штаб, со која престанува да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во нашата земја на граничниот премин задолжително да приложат ковид сертификат, информираат од владината прес-служба. Влез во земјава досега беше дозволен […]

Владата ја укина царината за увоз на зејтин и ја продолжи до 15 мај забраната за извоз на некои стоки

април 12, 2022

На предлог на Министерство за економија, Владата на денешната седница ја донесе одлуката за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење. Како што информираат од владината прес-служба, ова ќе биде дополнителен стимул за одржување на снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените. „Со оваа мерка се […]

Владата ги укина маските на затворено, освен во јавниот превоз и здравствени установи

април 12, 2022

На денешната седница, Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) утврдени од страна на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ), односно го укина задолжителното носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица и за лица со попреченост, соопшти владината служба за […]

Владата одлучи цената за приватизација на градежното државно земјиште да ја зголеми и до 30 пати

март 30, 2022

Наместо по почетна цена од 61 денари за метар квадратен, приватизацијата на градежното државно земјиште кај комерцијалните градби ќе се одвива за 13.140 денари за метар квадратен, доколку се реализира во услови на стекнато корисничко право и се спроведува преку Управата за имотно-правни работи, одлучи владата на вчерашната седница на предлог на Министерството за финансии. […]

Македонија се вклучува во изградбата на терминалот за течен гас во Александропулис

февруари 16, 2022

Македонската влада на вчерашната седница го задолжи АД ЕСМ да го отпочне процесот за потпишување на договорите за реализација на Меморандумот за разбирање потпишан со Гастрејд С.А. за проектот за изградба на терминал за течен гас во Александропулис, Грција. Од владината прес-служба информираат дека ова е првиот чекор кон реализација на стратешката цел за енергетска […]

До крајот на неделава ќе се знае дали наставата ќе се одвива онлајн или со физичко присуство

јануари 26, 2022

Одлуката за започнувањето на наставата онлајн или со физичко присуство на учениците во второто полугодие ќе биде донесена на седница на Владата до крајот на неделава, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здраството, соопшти денес министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. „До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на […]

Страна 2 од 6