fbpx

Владата ја укина царината за увоз на зејтин и ја продолжи до 15 мај забраната за извоз на некои стоки

-

На предлог на Министерство за економија, Владата на денешната седница ја донесе одлуката за укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење. Како што информираат од владината прес-служба, ова ќе биде дополнителен стимул за одржување на снабдувањето на домашниот пазар од растот на цените.

„Со оваа мерка се овозможува увоз на сончогледово масло од други земји за кои нема преференцијален третман во трговијата, или не се предмет на безцаринска квота во рамки на договорите за слободна трговија, и за кои е утврдена царинска стапка од максимум 29%“, се наведува во владиното соопштение.

Со укинување на увозната давачка – царинската стапка за увоз на масло од сончоглед за јадење ќе се даде можност до 31 мај 2022 година да се увезат потребните количини на овој основен прехранбен продукт од земји кои не се предмет на повластени царински стапки, кои ќе обезбедат доволно количини за домашниот пазар и ќе се намали притисокот за раст на цените на овој производ, соопштуваат од Владата.

Воедно, Владата на денешната седница го продолжи рокот на примена на ограничувањето за извоз на одделни стоки, до 15 мај 2022 година.

„Продолжувањето на рокот за ограничување на извозот се однесува на пченица и наполица; јачмен; пченка; брашно од пченица и наполица; семе од сончоглед, вклучувајќи кршено или дробено; масла од семе од сончоглед, шафраника или памуково семе, како и извоз на луцерка“, се наведува во владиното соопштение.

Потребата за продолжување на рокот за ограничување за извоз на овие стоки до 15 мај 2022 година е да се елиминира можноста на недостаток на стоки неопходни за преработка и производство на основни прехранбени продукти за граѓаните, до новата домашна реколта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...