fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Видео со деца во кафез е снимено пред нападот на Хамас врз Израел

Снимката настана пред последниот бран злосторства и насилства на Блискиот Исток. Спорната снимка не е поврзана со актуелната состојба меѓу Хамас и Израел и не прикажува жртви на војната на Блискиот Исток. Снимката е објавена на Тик Ток неколку дена пред палестинската милитантна група Хамас да го нападне Израел на 7 октомври годинава, за што сведочат фотографии кои ги објави редакцијата...

На видео на социјалните мрежи не се претставени Египќани кои на грб им носат храна и вода на Палестинците во Газа

Станува збор за старо видео кое не е од актуелната ситуација меѓу Хамас и Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека видеото е постаро и не го отсликува хуманитарниот одговор на блокадата од Израел од октомври 2023 година. Ова видео првпат е објавено на социјалната мрежа Тик Ток на 31 август 2023 година, а оригиналниот наслов, како и споредбата...

Видеото со заглавен конвој на граничниот премин Рафах, е од мај 2021 година

Видеоматеријалот споделен во оваа објава на Фејсбук, не е од 2023 година, туку е стар повеќе од две години. Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој хуманитарна помош е од мај 2021 година, а не од 2023 година, пишува Вистиномер во својата анализа.   Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук од 16 октомври во која се...

Медиумите би објавиле сè за да добијат клик повеќе, вели Ризаов кој алармира на претпазливост за лажни вести

„Осум милијарди долари американска воена помош за Израел“, „Војната Израел-Хамас се шири на интернет“, „Заробен израелски генерал“, „Украина му обезбедува оружје на Хамас“. Овие наслови споделени на социјалните мрежи и медиумите се лажни вести. Ваквиот наплив на ширење дезинформации доаѓа во време на израелско-палестинскиот конфликт кои создаваат конфузии кај читателите и креираат лажна перцепција за одредени појави. „Од почетокот на конфликтот...

Провокативниот постер со ирански хиперсонични ракети во Техеран не е нов, туку од јуни

Фотографијата од постер, на кој е претставена иранска хиперсонична ракета, е стара. Иако се тврди дека таа претставува неодамнешна случка во Техеран, главниот град на Иран, фотографијата е, всушност, од јуни оваа година, неколку месеци пред нападот на палестинската група Хамас врз Израел, пишува Вистиномер во својата анализа.   Текстот го пренесуваме во целост:   Фејсбук објава споделува фотографии на кои се гледа постер за...

Контраспин: Со измените на КЗ, асистирани и од опозицијата, се амнестирани многу поранешни и сегашни членови на ВМРО-ДПМНЕ

По пропаѓањето на крунскиот случај од поранешниот СЈО Таргет-Тврдина и де факто амнестијата од кривична одговорност за Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и други инволвирани во овој случај, да се тврди ако Пендаровски не ги потпишеше измените, ќе се спречела аболиција на идни случаи на функционери на СДСМ и на ДУИ, во најмала рака е лицемерно. Зашто, прво, ВМРО-ДПМНЕ не...

Тврдењето дека Русија не води геноцидна војна во Украина е лажно

Тврдењето дека Русија не води геноцидна војна во Украина е неточно, имајќи предвид дека Меѓународниот кривичен суд го гони Путин за геноцид поради нелегалниот трансфер на украински деца во Русија, а декларации со кои ваквите постапки на Русија се оценуваат како геноцид усвоија и Парламентарното собрание на НАТО, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Сенатот на САД, пишува...

Контраспин: Правдањето од типот судството е криво, е спин!

Исто како што и опозицијата спинува дека власта ги протуркала овие измени заради сопствените функционери во идните случаи, а не кажуваат дека и тие асистирале при носењето на измените, исто и власта нема да има оправдување кај јавноста, уште помалку кај експертската за последиците од ова законско решение, се додека искрено не ги соопштат вистинските причини за нивното носење....

Практикувањето на христијанството во Израел е слободно

Во објавата се пропушта контекстот, бидејќи не се наведува дека овој предлог-закон не е усвоен и не претставува правен акт во државата Израел. Поради пропуштањето да се наведат овие информации се креира комплетно поинаква слика дека сите кои тврдат оти Исус Христос е Бог ќе одат три години во затвор, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во...

Манипулација: НАТО не евакуира цивили од Израел

НАТО не е поврзан со цивилната евакуација на граѓаните на земјите членки, вклучително и со граѓаните на С. Македонија, туку тоа е обврска која ја зедоа владите на секоја држава посебно. Летот на „Ер Србија“, со кој беа евакуирани македонските државјани од Израел, беше платен од буџетот на С. Македонија, а за безбедното враќање во земјава беа инволвирани повеќе...

Мицкоски неточно тврди дека Владата не прави ништо за евакуација на македонските државјани од Израел

Без никакви аргументи лидерот на опозицијата изнесе невистини во врска со активностите на власта за евакуација на македонски државјани од Израел, при што изнесе и оценка дека во Владата има разногласие околу израелско-палестинскиот конфликт, пишува „Вистиномер“ во својата анлиза. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изнесе тврдење во кое може да се детектира невистина: Раштиман оркестар, нема...

Руските ковид вакцини не се забранети во земјава

Спутник вакцините не се забранети кај нас и сè уште ги има за оние кои сакаат да се вакцинираат за првпат. Исто така, не постојат никакви начини да ѝ се влијае на пинеалната жлезда, односно епифизата со вакцинација против ковид-19. Ова е дезинформација за да се создаде недоверба во ковид вакцината произведена во ЕУ. Сите состојки на сите вакцини...

Со старо видео лажно се тврди дека израелската армија ги евакуира борбените авиони

Видеото е снимено пред неодамнешната ескалација на конфликтот меѓу Израел и Палестина. Нашата проверка покажа дека тоа е снимено во септември, во јужниот округ на Израел и не е поврзано со последниот напад на Хамас врз Израел, како што неточно тврди објавата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Израелската...

Хамас не е создаден ниту од ЦИА, ниту од Мосад

Мосад не ја креираа Хамас, со оглед на тоа што во манифестот на Хамас, стои дека нивната крајна цел е да го уништат Израел како држава. Во самиот манифест пишува дека се работи за палестинско движење, исламско, кое се стреми „да го дигне знамето на Алах врз секој инч од Палестина“ (член 6), пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

Украина не ја замолчи короната, ниту пак, настаните во Израел ја замолчија Украина

Коронавирусот сè уште го има и покрај војната со Украина, иако ситуацијата не е загрижувачка како на почетокот и првата година од пандемијата со ковид-19. Нормално е дека конфликтот што се случува помеѓу Израел и Палестина зазема централно место во медиумскиот простор во моментов. Ама тоа не значи дека случувањата таму се помалку или повеќе важни од руската инвазија...

Нема докази дека Украина му дала оружје на Хамас

Повикувајќи се на официјално соопштение  на Одбранбеното разузнавање на Украина, Украинска правда пишува дека Русија се подготвува да ја дискредитира Украина со цел да влијае на ставот на сојузниците и на снабдувањето со западно оружје. Безбедносни експерти за странски проверувачи на факти велат дека Украина е во егзистенцијална битка со Русија и не е логично да продава оружје на...

Шведска не е прва земја по криминал во Европа

Според официјалното рангирање на криминалот во Европските земји, прва по криминал е Белорусија, потоа Франција, па Белгија, а Шведска е четврта на ранг листата. Не е точно дека во 2023 година се случиле 64 убиства и тоа 13 во последните две недели, а не е точно ниту дека во Шведска има безброј силувања и воени конфликти. Шведска не е...

Не е точно дека Хамас го заробиле израелскиот генерал Нимрод Алони

Според адмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелската војска, генералот Алони не е во рацете на Хамас. Хагари на новинарите во саботата им изјавил дека тврдењата оти Алони е заробен се невистинити. Алони јасно може да се види дека кратко се појавува во видео каде високи воени лица разговараат за последните случувања во Израел. Состанокот е од саботата и беше...

Манипулација со настапот на холандската министерка за одбрана на форумот за безбедност во Варшава

Наспроти тврдењето во објавата, кога ќе се слушне оригиналната изјава на министерката за одбрана на Холандија, Касја Олонгрен дадена на форумот за безбедност во Варшава, станува јасно дека таа не зборува за поттикнување на војната, туку продолжување на поддршката на Украина која се соочува со територијалните претензии на Русија и на режимот на Путин. Невистинито е и тврдењето во...

Не е вистина дека Олена Зеленска потрошила 1,1 милиони долари на Картие накит во Њујорк

Не постои веродостојно сценарио кое ќе ја смести Зеленска некаде во близина на „Картие“ на Петтата авенија во Њујорк, на 22 септември 2023 година, датумот прикажан на фактурата прикачена на објавата. Таа и нејзиниот сопруг веќе го напуштија Њујорк вечерта на 20 септември, по што заминаа во Вашингтон каде што беа на 21 септември, а вечерта целосно ги напуштија...

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...