fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Фабрикувано видео: Жан Митрев не препорачува магичен лек за враќање на видот

Доктор Жан Митрев не е специјалист за офталмологија, туку кардиохирург и не препорачува никаква состојка за стопроцентно враќање на видот, како што невистинито се претставува во видеото од оваа манипулативна објава. Станува збор за видео кое е изменето (altered content) во делот на синхронизацијата, со цел да се добие лажна претстава дека реномиран лекар препорачува некаков волшебен лек за...

Џорџ Сорос не е сопственик на компаниите „Имлек“, „Суботичка Млекара“, „Бамби“ и „Књаз Милош“

Во објавата се споделува стара дезинформација за милијардерот Џорџ Сорос, која минатата година се рашири на социјалните мрежи во соседството. Сорос не е сопственик на компанијата „Дануб фудс груп,“ која во 2015 година беше купена од „Мид Европа Партнерс,“ а во чија сопственост се српските компании „Имлек“, „Суботичка Млекара, „Бамби“ и „Књаз Милош“. Сорос нема никаква врска со овие...

Украина не го забрани православието и Зеленски не му подарил на Папата икона без Исус, туку уметничка слика

Украина не го забранила православието, а уште помалку станала „сатанистичка и води отворена војна против Бога,“ како што тврди оваа објава. Исто така, Зеленски не му подарил на Папата Франциск икона без ликот на Исус, туку станува збор за слика која не алудира на ништо сатанистичко, таа има симболика и е посветена на детските жртви од страшната војна во...

Украина нема објавено поштенски марки од СС дивизијата Галиција

„Марки“ со СС дивизијата Галиција постојат, но тие не се официјални украински поштенски марки и немаат никаква врска со украинската поштенска служба, ниту со украинските власти, ниту со филателијата. Тие не се издадени од страна на Украинската пошта, туку се работи за „марки“ испечатени од група ентузијасти, станува збор за приватно издание и тие не претставуваат официјални поштенски марки....

Војната во Газа и жртвите од неа злоупотребени во Кју анон теориите на заговор

Објавата ја шири познатата теорија на заговор за некакви елити кои го контролираат светот, го обожуваат сатаната и тргуваат со деца кои ги убиваат за да ја пијат нивната крв, но овојпат во конспирацијата е вклучена војната во Газа. Оваа теорија на заговор особено ја форсираат поддржувачите на Кју Анон кои го величаат Трамп, а по војната во Украина и...

Закоравени десничарски групи со дезинформации ги бранат семејните вредности

Демохристијанската идеологија интензивно ги пушта своите корени и во македонското пост-ковид општество, во време кога се создаде плодна почва за антиваксерски движења и сеење дезинформации за последиците од ковид вакцините. Во барабанот на дезинформациите се најдоа разни теории на заговор, но и предупредувања за „увоз на опасни западни вредности“ со цел уривање на нашите традиционални семејни вредности. Во таа...

Антивакциналните дезинформации ги воскреснуваат заборавените болести

Антивакциналните дезинформации ја поткопаа имунизацијата и направија огромна штета на јавното здравје. Загрижувачки се податоците околу вакцинацијата на децата, препорачаниот опфат од над 95 отсто не е постигнат за ниту една вакцина во земјата. Дезинформациските наративи продолжуваат да си поигруваат со здравјето на граѓаните, се измислува дека вакцините предизвикуваат „турбокарцином“, дури и кај луѓе кои воопшто не се вакцинирани. Вистиномер...

Седум години стара фотографија од Сирија, прикажана како сегашна од Газа

Фотографијата споделена во објава на Фејсбук, а на која се прикажани починати деца, нема никаква врска со Израел. Оваа фотографија циркулира на интернет најмалку од август 2013 година и таа е поврзана со граѓанската војна во Сирија. Според тогашните медиумски написи, децата починале како резултат на труење со отровен гас. Споделената фотографија може да се најде во архивата на...

Обединетите нации не ја декриминализираат педофилијата

Во објавата е споделен текст што изобилува со невистини, манипулации и цитати намерно извадени од контекст. Стефан Дујарик, портпарол на генералниот секретар на ОН, за странски проверувачи на факти изјавил дека ОН не бараат декриминализација на сексот со деца, ниту пак, повикуваат на укинување на возраста за согласност. ОН се решителни во борбата против сексуалната експлоатација на децата, сметаат дека сексуалната...

Контраспин: Зголемувањето на платите во образованието најмногу е резултат на притисоци од синдикатите

Од она што може да се види низ архивите на медиумите и на синдикатите, како и на МОН, сосема е јасно дека имало зголемување на платите во основното и средното образование во изминатите неколку години. Но, кога подетално ќе се навлезе во материјата станува јасно дека тоа зголемување е резултат на малку желба од Владата (СДСМ+ДУИ), а многу повеќе...

Купишта невистини за војната во Украина „зачинети“ и со „големиот ресет“

Објава неточно тврди дека војната во Украина ја почнал колективниот Запад, поврзувајќи го ова со „големиот ресет“ во кој улога имале и Евреите. Факт е дека војната во Украина ја започна Русија и дека западните земји само ѝ помагаат на Украина во борбата за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Што се однесува до „големиот ресет“, тој претставува иницијатива на...

Западот не посакувал војна во Украина и Израел

Западните земји не гласале против „резолуција за запирање на воените дејства и напади меѓу Израел и Палестина“, како што тврди објавата, туку не ја поддржале резолуцијата на Русија за осуда на насилството и тероризмот врз цивилите, бидејќи истата не го спомнувала нападот на Хамас и убиството на 1.400 цивили во Израел. Објавата не ги согледува фактите, туку само има...

Бајден не рекол дека е роден во Израел

Тврдењето дека Бајден е роден во Израел беше споделено во напис на руската државна новинска агенција ТАСС, објавен на 18 октомври 2023 година, во кој се посочува дека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјавила дека Бајден тврдел дека е роден во Израел. Но, како што се наведува во транскриптот на Белата куќа, Бајден зборувал за тоа како: „Државата...

Како теориите на заговор ја хранат глобалната епидемија на дезинформации

Иако некои теории на заговор делуваат навидум безопасно, многу од нив имаат последици во реалниот свет. Теориите на заговор како: Кју Анон, 5G, ХААРП, кемтрејлс и слични поттикнуваат страв, имаат потенцијал да ја нарушат довербата на јавноста во науката, ја поткопуваат довербата во институциите, може да ги нарушат јавните политики. Од клучно значење е да бидеме внимателни и критички...

Црното знаме истакнато на џамија во Иран не значи повик за војна и одмазда

Црното знаме зазема посебно место во исламската историја и традиција. Спротивно на погрешно претставените тврдења преку социјалните мрежи, тоа не претставува повик за оружје, конфликт и одмазда. Истакнувањето на црното знаме на џамија укажува на свечен израз на тага, жалост и солидарност, пишува Вистиномер во својата анализа.  Текстот го пренесуваме во целост:   Фејсбук објава тврди дека црното знаме што се развиори на џамија...

Видео со деца во кафез е снимено пред нападот на Хамас врз Израел

Снимката настана пред последниот бран злосторства и насилства на Блискиот Исток. Спорната снимка не е поврзана со актуелната состојба меѓу Хамас и Израел и не прикажува жртви на војната на Блискиот Исток. Снимката е објавена на Тик Ток неколку дена пред палестинската милитантна група Хамас да го нападне Израел на 7 октомври годинава, за што сведочат фотографии кои ги објави редакцијата...

На видео на социјалните мрежи не се претставени Египќани кои на грб им носат храна и вода на Палестинците во Газа

Станува збор за старо видео кое не е од актуелната ситуација меѓу Хамас и Израел. Странски проверувачи на факти пишуваат дека видеото е постаро и не го отсликува хуманитарниот одговор на блокадата од Израел од октомври 2023 година. Ова видео првпат е објавено на социјалната мрежа Тик Ток на 31 август 2023 година, а оригиналниот наслов, како и споредбата...

Видеото со заглавен конвој на граничниот премин Рафах, е од мај 2021 година

Видеоматеријалот споделен во оваа објава на Фејсбук, не е од 2023 година, туку е стар повеќе од две години. Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој хуманитарна помош е од мај 2021 година, а не од 2023 година, пишува Вистиномер во својата анализа.   Текстот го пренесуваме во целост:   Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук од 16 октомври во која се...

Медиумите би објавиле сè за да добијат клик повеќе, вели Ризаов кој алармира на претпазливост за лажни вести

„Осум милијарди долари американска воена помош за Израел“, „Војната Израел-Хамас се шири на интернет“, „Заробен израелски генерал“, „Украина му обезбедува оружје на Хамас“. Овие наслови споделени на социјалните мрежи и медиумите се лажни вести. Ваквиот наплив на ширење дезинформации доаѓа во време на израелско-палестинскиот конфликт кои создаваат конфузии кај читателите и креираат лажна перцепција за одредени појави. „Од почетокот на конфликтот...

Провокативниот постер со ирански хиперсонични ракети во Техеран не е нов, туку од јуни

Фотографијата од постер, на кој е претставена иранска хиперсонична ракета, е стара. Иако се тврди дека таа претставува неодамнешна случка во Техеран, главниот град на Иран, фотографијата е, всушност, од јуни оваа година, неколку месеци пред нападот на палестинската група Хамас врз Израел, пишува Вистиномер во својата анализа.   Текстот го пренесуваме во целост:   Фејсбук објава споделува фотографии на кои се гледа постер за...

ЗНМ со осуда за обидот за цензура од директорката на Клиниката за токсикологија

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организациски директор на Клиниката за Токсикологија во...