fbpx

Црното знаме истакнато на џамија во Иран не значи повик за војна и одмазда

Спротивно на погрешно претставените тврдења преку социјалните мрежи, црното знаме не претставува повик за оружје, конфликт и одмазда. Истакнувањето на црното знаме на џамија укажува на свечен израз на тага, жалост и солидарност

-

Црното знаме зазема посебно место во исламската историја и традиција. Спротивно на погрешно претставените тврдења преку социјалните мрежи, тоа не претставува повик за оружје, конфликт и одмазда. Истакнувањето на црното знаме на џамија укажува на свечен израз на тага, жалост и солидарност, пишува Вистиномер во својата анализа. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Фејсбук објава тврди дека црното знаме што се развиори на џамија во Иран значи дека е објавена света војна против Израел, САД и нивните поддржувачи и дека нивните граѓани се легитимна мета на џихадот. Ова не е точно. Црното знаме има поинакво значење.

#ЦрноЗнаме на #џихадот развеано во #Иран на Разими џамијата во #Иран.

Ова значи дека е објавена света војна против државите Израел и САД и нивните поддржувачи.

Ова значи дека сите државјани на Израел и САД низ светот и сите нивни поддржувачи во светот се легитимна мета на #џихадот.

Наздравје, пишува во објавата.

Како што се засилува израелско-палестинската војна, така се засилуваат и дезинформациите на интернет просторот, а најмногу на социјалните мрежи. Таква е и објавата што е предмет на оваа рецензија со која се тврди дека црното знаме поставено на џамија во Иран е симбол за војна и дека всушност значи повик за војна. Но, тоа не е вистина, црното знаме е симбол на жалост.

На 18 октомври 2023 година, црно знаме беше подигнато во иранската провинција Хорасан над џамијата Имам Реза во Машхад, која е верски комплекс. Но, црното знаме не е повик за војна. Тоа е симбол на жалост во шиитскиот ислам.

Знамето беше издигнато како симбол на солидарност со палестинскиот народ во Газа каде при воздушен напад беше погодена болница при што загинаа стотици луѓе. Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат кој е одговорен за нападот, а целата меѓународна заедница го осуди бомбардирањето.

Црното знаме зазема посебно место во исламската историја и традиција. Спротивно на погрешно претставените тврдења преку социјалните мрежи, тоа не претставува повик за оружје или конфликт. Оваа промена на црно укажува на свечен израз на тага, жалост и солидарност. Дополнително, црвеното знаме ја симболизира потрагата по одмазда. Црвеното знаме последен пат беше подигнато во џамијата Џамкаран во Ком како одговор на атентатот на генералот Сулејмани, што означува повик за одмаздa.

Црното знаме не е за првпат истакнато на џамијата Имам Реза. Тоа се истакнува таму и за време на лунарните месеци Мухарам и Сафар, кои се месеци на жалост во исламскиот свет.

Мавзолејот Имам Реза е познат религиозен комплекс кој има огромно значење за Дванаесетте Шиитски Муслимани и е централна точка за верски аџилак. Во комплексот се наоѓаат и џамијата Гохаршад, музеј, библиотека, четири семинарии, гробишта, Универзитетот за исламски науки Разави, трпезарија за аџии и огромни сали за молитва.

Тврдењата дека во Иран е подигнато знаме што означува одмазда не само што е неточно, туку неосновано и тенденциозно шири и паника и страв кај јавноста од ескалација на војната помеѓу Израел и Палестина.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...