fbpx

Џорџ Сорос не е сопственик на компаниите „Имлек“, „Суботичка Млекара“, „Бамби“ и „Књаз Милош“

Според моментално достапните информации, „Имлек“ и „Суботица Млекара“ сè уште се во сопственост на компанијата „Мид Европа Партнерс“. На официјалната веб-страница на „Књаз Милош“ се наведува дека компанијата „денес работи како дел од друштво за заедничко вложување основано од Mattoni 1873 и PepsiCo“. Компанијата за кондиторски и прехранбени производи „Бамби“ моментално е во сопственост на компанијата „Кока-Кола Хеленик“ (Кока-Кола ХБЦ)

-

Во објавата се споделува стара дезинформација за милијардерот Џорџ Сорос, која минатата година се рашири на социјалните мрежи во соседството. Сорос не е сопственик на компанијата „Дануб фудс груп,“ која во 2015 година беше купена од „Мид Европа Партнерс,“ а во чија сопственост се српските компании „Имлек“, „Суботичка Млекара, „Бамби“ и „Књаз Милош“. Сорос нема никаква врска со овие компании, а тоа го потврдуваат и од неговата фондација „Отворено општество“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Објава на Фејсбук тврди дека милијардерот Џорџ Сорос ја купил компанијата Danube Foods Group во чија сопственост се „Имлек“, „Бамби“, „Књаз Милош“ и „Суботичка млекара“.

Фактчекерите ќе се јават ли за оваа објава, стои во Фејсбук објавата која споделува фотографија од вест напишана на српски јазик.

Изнесеното во објавата не е точно. Станува збор за стара дезинформација, односно модификувана вест од 2015 година, која минатата година се рашири на социјалните мрежи во соседството. За ова лани во септември пишуваше српскиот сајт за проверка на фактите „Истиномер“.

Од Фондацијата „Отворено општество“ на Џорџ Сорос за  „Истиномер“, ги демантираат тврдењата дека Сорос ја купил „Danube Foods Group“, во чија сопственост се „Имлек“, „Бамби“, „Књаз Милош“ и „Суботичка млекара“.

Нема вистина во оваа гласина. Џорџ Сорос нема врска со споменатите компании, изјавиле оттаму за Истиномер.

Истиномер, исто така, пишува дека лондонскиот инвестициски фонд „Мид Европа Партнерс“ на 02.02.2015 година објавил дека е во процес на купување на „Дануб фудс груп“, во чија сопственост се српските компании „Имлек“, „Суботичка Млекара, „Бамби“ и „Књаз Милош“.

MidEuropa, најголемата приватна инвестициска компанија фокусирана на Централна Европа и Турција, објави дека потпишала обврзувачки договор за стекнување на контролен пакет акции во Danube Foods Group BV и Clates Holding BV. Вредноста на трансакцијата не е откриена и трансакцијата е предмет на вообичаени услови за затворање и се очекува да биде завршена во првата половина на 2015 година. Со приходи од повеќе од 400 милиони евра во 2014 година, Групацијата ја претставува водечката брендирана FMCG платформа во поранешна Југославија. Нејзини подружници се Имлек и Млекара Суботица, кои заедно го претставуваат најголемиот независен бизнис со млечни производи во регионот; Бамби, водечки српски производител на кондиторски производи; и Књаз Милош, водечки српски производител на минерална вода и други безалкохолни пијалаци“, се наведува во соопштението на лондонскиот инвестициски фонд од февруари 2015 година.

Веста за продажбата тогаш ја објавиле бројни српски медиуми. Но, како што пишува Истиномер, на некои портали таа била надградена:

Со неточно тврдење дека неофицијален сопственик на најголемиот европски инвестициски фонд ‘Мид Европа Партнерс’ е контроверзниот бизнисмен Џорџ Сорос.

„Мид Европа Партнерс“ на 10.04.2015 година објави дека успешно е завршено купувањето на компанијата „Дунав фудс груп“.

Како што се наведува, трансакцијата ја извршиле Андреј Бабаче, Ратко Јовиќ, Берке Биричик и Џан Карапенс со помош на правниот советник „Вајт и Кејс“ и финансискиот советник „Уникредит“.

Според моментално достапните информации, „Имлек“ и „Суботица Млекара“ сè уште се во сопственост на компанијата „Мид Европа Партнерс“. На официјалната веб-страница на „Књаз Милош“ се наведува дека компанијата „денес работи како дел од друштво за заедничко вложување основано од Mattoni 1873 и PepsiCo“. Компанијата за кондиторски и прехранбени производи „Бамби“ моментално е во сопственост на компанијата „Кока-Кола Хеленик“ (Кока-Кола ХБЦ).

Од ова можеме да заклучиме дека Џорџ Сорос не е сопственик на компанијата „Дануб фудс груп“ која беше купена од „Мид Европа Партнерс“, во чија сопственост се српските компании „Имлек“, „Суботичка Млекара, „Бамби“ и „Књаз Милош“. Сорос нема никаква врска со овие компании, а тоа го потврдуваат и од неговата фондација „Отворено општество“. Поради сето ова објавата ја оценуваме како неточна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...