fbpx
Таг: Вистиномер

таг: Вистиномер

Контраспин: Ковачевски со напад врз синдикалниот лидер го минимизира нападот врз контролорите на летање

Премиерот Димитар Ковачевски со напад врз претседателот на синдикатот на контролорите на летање ја извртува вистината околу главните проблеми со М-НАВ и за конкретната афера со упадот во контролата на летање. И покрај тоа што со одлука на Влада е задоволено главното барање на синдикатот – смената на директорите кои со години се во фокус на јавниот интерес, Ковачевски...

Не е точно дека ниту еден политичар Албанец не упатил божиќна честитка до Македонците

Тврдењето изнесено во објавата дека „ниеден од клучните албански фактори дали биле позиција или опозиција воедно и од исламска вероисповед не прати честитка за Божиќ до Македонците“, не е точно. Фактите говорат поинаку, а тоа лесно може да се провери доколку се посетат официјалните Фејсбук страници на албанските политичари, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објава...

Долгорочните дезинформациски наративи на Кремљ

Руската пропаганда која засилено делува во светот уште по анексијата на Крим во 2014 година, генерално ползува неколку долгорочни наративи врз кои ги темели дезинформациите. Класифицирани според европската литература за препознавање и борба со дезинформациите, се опишуваат како „Елити наспроти рајата“, „Изгубен суверенитет“, „Традиционални наспроти модерните вредности“, „Нацизам“, „Неизбежен колапс“, „Хахаганда“…Во оваа анализа појаснуваме дел од нив, пишува „Вистиномер“...

ТОП 5 теории на заговор во С. Македонија за минатата година

Пропаганда од Кремљ за војната во Украина, вакцини, Кју-анон, климатски промени, како и теории на заговор за различни моќни лица, беа најсподелуваните теми претходната година. Штетното влијание на вакцини и намалување на сериозноста за климатските промени се теми што се повторуваат секоја година, а други како движењето Кју-анон беа особено популарни во 2023та. Константа е честата поврзаност на темите...

Не постои никакво сценарио за замолчување на Палчо и „Десна“

Целата објава изнесува тврдења кои не се засновани на никакви докази, туку исклучиво на произволни изјави и толкувања. Објавата има за цел да манипулира со јавноста и да го испере од одговорност првоосомничениот за убиствата, Љупчо Палевски-Палчо. Тврдењето дека некој нешто исценирал за да го замолчи Палчо и неговата партија Десна, се само производ на бујна фантазија. За случајот...

Лажно тврдење дека Џо Бајден е мртов и заменет со брат близнак, кој не постои

Со помош на Google Image Reverse Search, нашиот тим откри дека видеото не ја прикажува Наоми Бајден. Видеото ја прикажува Кас Теаз, позната креаторка на содржини на ТикТок. Со илјадници следбеници, Теаз јасно укажува во нејзината биографија на ТикТок дека нејзиниот профил е сатиричен. Теаз физички не наликува на Наоми Бајден, вистинската внука на Џо Бајден, пишува „Вистиномер“ во...

Вакцините против ковид не се отровни и пандемијата не е „план за депопулација“

Наспроти изнесеното во објавата, светското население продолжува да расте и после ковид пандемијата и после ковид вакцинацијата, а не да опаѓа, со што фактички и со бројки може да се побие тврдењето дека „ковид е план за депопулација“. Вакцините против ковид-19 се со испитани состојки кои се транспарентно наведени и имаат позитивен безбедносен профил и никакви отрови во нив, пишува „Вистиномер“...

Снимка од грабеж во Англија во 2016 година претставена како снимка од нападот во Контролата на летање

Деталите од фотографијата не кореспондираат со денот и времето кога се случил нападот. Поради тоа, Вистиномер ја пребара фотографијата на Гугл и најдовме дека таа е од снимка од 2016 година. Станува збор за инцидент кој се случил во Англија, а во кој две лица нападнале човек на неговото работно место за да го ограбат, пишува Вистиномер.мк.   Текстот подолу го...

Палевски не бил ослободен во Турција, во затвор е во Баликесир

Тврдењето дека Палчо бил ослободен во Турција  е неточно, тоа не соодветствува со фактите и со изјавите и информациите кои доаѓаат од официјални лица и институции. Спротивно на тврдењето во објавата, има потврда од Републичкото јавно обвинителство Баликесир, Турција, за која на 29 декември информираше македонското Министерство за правда, дека на Палевски му бил одреден привремен затвор од 40...

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање не бил приведен, туку повикан на службен разговор

Тасевски не бил приведен, туку повикан на информативен разговор, а тоа го потврдија и од Министерството за внатрешни работи (МВР) и самиот Тасевски. Приведување, според Правилникот за начинот на вршење на полициските работи, член 15, се дефинира како „службено дејствие кое го преземаат полициските службеници врз основа на писмена наредба издадена од надлежен суд заради спроведување на лице во...

Настанот со малолетникот од Тетово кому му пукнала петарда во устата, не е регистриран во билтенот на МВР

За време на новогодишната ноќ на малолетник во Тетово му пукнала петарда во устата и детето било однесено во болница. Но, наспроти известувањето на повеќе медиуми дека во „билтенот на СВР Тетово се нашол настанот со малолетник кому во устата му пукнала петарда“, таков настан не бил пријавен во полиција, МВР, ниту пак, го има полицискиот билтен, пишува „Вистиномер“...

Палевски не е наместен од државата, туку првоосомничен за двојното убиство

Поради фактот што осомничените соучесници во двете убиства го посочуваат Палевски како човекот што испукал од пиштолот и во двата случаја, сосема е логично тој да биде првоосомничен за овие кривични дела. Нему му се дадени сите права додека чека во екстрадициски притвор Турција за да биде испорачан во нашата држава. Покрај тоа, обвинителот Гаврил Бубевски наведе дека материјалните...

Руско бомбардирање на „руската“ Одеса

Рускиот претседател Владимир Путин и на маратонскиот медиумски спектакл по пауза од една година поради војната во Украина, не пропушти да каже дека „Русите и Украинците се еден народ“, дека „Одеса е руски град“. За цинизмот на Путин доволно говори тоа што ноќта пред интервјуто, а и денови потоа, „руската Одеса“, беше цел на крвав напад со дронови и...

Бура од дезинформации го „поплави“ убиството на Вања

Свирепиот, антицивилизациски чин со двете ѕверски убиства што предизвика колективна тага и траума во општеството, неизбежно се рефлектираше на социјалните мрежи, податливи да се истури гневот, да се шират најразлични шпекулации и дезинформации. Трагичниот настан се најде во годишното обраќање на претседателот Пендаровски кој констатира дека крајот на 2023 година ни ја донесе најголемата тага во последната деценија, а ...

Предвремените избори на Мицкоски ги стасаа редовните, Џафери наскоро во „премиерскиот костум“

ВМРО-ДПМНЕ со години опсесивно бараше предвремени парламентарни избори сѐ до 20 октомври, кога партискиот лидер Христијан Мицкоски се помири дека ќе бидат во редовниот термин. Опозицијата бараше да нема техничка влада и премиер од ДУИ, ама си легна на „брашното“. Талат Џафери е сѐ поблиску до премиерското столче, извесно е дека тој ќе го замени премиерот Димитар Ковачевски во...

Уставните измени доминираа меѓу спинерските трендови за 2023 година

Прашањето за внесување на Бугарите во Уставот беше предмет на најбројни и најчести дебати околу кои беа забележани манипулации и извртување на вистината. По нив следуваа дебатите за борбата против корупцијата и организираниот криминал, во тој контекст посебно измените на КЗ во делот на злоупотреба на службена положба и овластувања, зголемувањето на пензиите, решавање на проблемот со инфлацијата, лек...

Случајот „Палчо“ не може да е дело на УДБА, бидејќи УДБА не постои

УДБА не постои уште од распадот на Југославија и осамостојувањето на нашата држава. Тврдењето дека двојното убиство на младата Вања и велешанецот Жежовски се случило поради ширење на страв пред избори, исто така „не држи вода“. Киднапирањето на Вања се случи утрото на 27 ноември, а набрзо после тоа истиот ден таа била и убиена. Да била целта на...

Ватикан не одобри, туку даде благослов за истополови бракови

Ватикан не одобрил истополови бракови, ниту, пак, одобрил римокатоличките свештеници да венчаваат хомосексуални парови, како што тврди оваа објава. Она што Ватикан го одобри е давање благослов на паровите „кои се во невообичаени ситуации, како и истополовите парови“, но без каква било ритуализација или да се остави впечаток на брак. Доктрината на Ватикан во врска со бракот не се...

Пет наративи на Кремљ во позадината на лавина дезинформации за Украина во 2023 година

Прегледот на дезинформациите на најмасовната социјална мрежа во Северна Македонија, Фејсбук, покажува дека во 2023 година се следеле стриктно дел од руските дезинформациски наративи, а покрај тоа зголемeнa e и употребата на манипулирани видео содржини (deep fake), со цел да се поткопа угледот на украинското врвно раководство и да се деморализира населението. Преовладувачкииот вид на дезинформации се обидува вината...

Вакцините против ковид-19 не се водечка причина за зголемена смртност во светски рамки

Преку погрешни интерпретации на извештај од канадскиот Завод за статистика, се прави обид да се обвинат ковид вакцините за зголемена смртност. Во извештајот воопшто не се споменуваат вакцините, ниту пак, се кажува колку од починатите се вакцинирани, а колку не се. Тоа што во објавата се претставува како „неодредени причини за смртност”, всушност се однесува на смртни случаи кои...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...