fbpx
Таг: Велика Британија

таг: Велика Британија

Ципрас загрижено апелира на европска солидарност и обединување

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, изрази голема загриженост поради резултатите на референдумот за излез на Велика Британија од Европската Унија, оценувајќи го овој чекор како потврда за длабоката политичка криза во ЕУ и за криза на европскиот идентитет. Ципрас апелираше за европска солидарност и обединување, но и за промена на насоката во која се движи ЕУ преку големи демократски и социјални реформи. -...

Попоски за Брексит: Македонија изгуби поддржувач во процесот на проширување на ЕУ

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, рече дека со Брексит, ЕУ ќе изгуби значајна земја членка, пренесува „Прес 24“. „За Балканот и за Македонија тоа значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширувањето на Унијата. Очигледно е дека треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит...

Фараж призна дека ја излажале британската јавност за Брексит

Шефот на Партијата за независноста на Обединетото Кралство, Најџел Фараж, која силно се залагаше за излегување од Европската Унија, денеска при гостувањето во емисијата „Добро утро Британијо“, призна дека едно од ветувањата на кое се темелела нивната кампања за излез, најверојатно нема да се оствари. Поборниците за Брексит ветуваат дека 350 милиони фунти, кои секоја недела се праќаат во ЕУ,...

Лавров: Брексит е внатрешна работа на британскиот народ

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека резултатот од референдумот за излегувањето на Велика Британија од Европска Унија е внатрешно прашање на земјата. - Тоа е внатрешна работа на британскиот народ. Тоа е нивна волја и тие самите си одлучија – одговори Лавров на новинарско прашање за референдумот во Велика Британија. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, рече дека...

„Би-би-си“: Како може Брексит да влијае на најелитната фудбалска лига во светот?

Одлуката за излегување на Европската Унија, што вчера ја донесоа британските граѓани, освен што ќе влијае на финансиите и на социјалните услови на островот, можно е да ја погоди и најелитната фудбалска лига во светот - англиската Премиер-лига, оценуваат телевизиските куќи „Би-би-си“ и „Скај њуз“. Лигата, велат анализите, најпрво ќе биде погодена од околноста што фудбалерите што доаѓаат од континенталниот дел на Европа...

По Брексит, Шпанија предлага поделба на суверенитетот над Гибралтар

Шпанскиот министер за надворешни работи, Хосе Мануел Гарсија-Маргаљо, денеска предложи поделба на суверенитетот над Гибралтар, откако граѓаните на Велика Британија се изјаснија на референдум за излегување од Европската Унија. Тој рече дека со тоа би ѝ се овозможило на оваа британска прекуморска територија да го задржи пристапот до единствениот пазар на ЕУ. - Нашата формула е ко-суверенитет на Британија и на...

Тажна вест за Европа, ЕУ се подготвува за иднина без Британија

Одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија предизвика шок и освестување во ЕУ дека се потребни промени во Брисел. Евроскептиците во ЕУ сметаат дека и нивните земји треба да ја напуштат Унијата. Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, рече дека ЕУ ги почитува резултатите, но тоа си носи и свои одговорности. - Обединетото Кралство одлучи да оди по свој...

Камерон најави оставка, Шкотска и Северна Ирска размислуваат за отцепување

Дејвид Камерон утрово соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер до октомври, откако граѓаните на Велика Британија изгласаа земјата да ја напушти Европската Унија. Во говорот по одлуката на Британците за Брексит, Камерон рече дека волјата на британскиот народ мора да се почитува и оти тоа е упатство што мора да се почитува. Тој рече дека треба да се избере нов...

Велика Британија ја напушта Европската Унија

Граѓаните на Велика Британија на вчерашниот референдум изгласаа земјата да излезе од Европската Унија, покажуваат прелиминарните резултати. Нецелосните резултати од четири петини од избирачките места покажуваат дека 52 отсто од Британците гласале за излегување од ЕУ, наспроти 48 отсто за останување. Останува да се пребројат гласовите од уште неколку избирачки места, меѓутоа од досегашните резултати повеќе од извесно е...

Анкета: 52 отсто од Британците се за останување во ЕУ

Педесет и два отсто од Британците се за останување на Велика Британија во Европска Унија, додека 48 отсто се за излез на земјата од Унијата, покажа денеска објавената анкета на агенцијата за испитување на јавното мислење „Ипсос МОРИ“. Анкетата, која е направена за потребите на весникот „Ивнинг стандард“, била спроведена пред два дена.

Референдум во Британија: Да се остане или не во ЕУ

Британците денеска одлучуваат дали ќе останат во Европската Унија или ќе излезат од заедницата. Нивниот одговор би можел во значајна мера да ја одреди иднината не само на Велика Британија, туку и на Европа. Право на глас имаат сите британски, ирски и граѓани на Комонвелтот, постари од 18 години. Според последните анкети, британската јавност е целосно поделена. Тие што сакаат да...

Оланд: Брексит значи и губење на единствениот пазар на ЕУ

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска предупреди дека ако Британците на референдумот гласаат за напуштање на ЕУ, тоа ќе го загрози пристапот на Велика Британија на единствениот пазар на Унијата. - За Велика Британија би било многу ризично да го изгуби пристапот до единствениот пазар. Сите треба да бидат свесни за тоа – рече францускиот претседател. Утре се одржува референдумот на кој...

Јункер нема да поднесе оставка во случај на Брексит

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска соопшти дека не планира да си поднесе оставка доколку Британците на утрешниот референдум одлучат да ја напуштат Европската Унија. – Тоа е проблем на британскиот народ - рече портпаролот на Јункер, Маргаритис Схинас, додавајќи дека Јункер не се ангажирал во кампањата бидејќи комисијата не била и не е дел од кампањата во Британија. Јункер претходно...

Хамонд: По Брексит нема враќање назад

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе биде конечно и потоа нема враќање назад, предупреди денеска шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд. - Кога еднаш ќе донесеме таква одлука, нема враќање назад. Велика Британија никогаш повеќе нема да може да се врати во ЕУ, освен под услови кои се неприфатливи, како што е обврската за приклучување во еврозоната и...

Штајнмајер: Брексит ќе го загрози европскиот проект

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија сериозно би го загрозил европскиот проект, изјави шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмајер. - Доколку Британците одлучат да излезат од ЕУ, тогаш ние не можеме следниот ден само да продолжиме да работиме како вообичаено, со едно членка помалку – вели Штајнмајер. Тој смета дека ЕУ, во случај на Брексит, мора да спречи процес...

Камерон: Излегувањето од ЕУ ќе предизвика тешки последици за британската економија

Британскиот премиер Дејвид Камерон оцени дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе биде „билет во еден правец“ и ќе предизвика тешки последици за британската економија. Камерон, во интервјуто за „Сандеј тајмс“, ги обвини сопартијците Мајкл Гоув и поранешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, кои се залагаат за излегување од ЕУ, дека користат „целосно неточни податоци“. – Првото е дека...

Фунтата ќе падне ако Британија ја напушти ЕУ

Банка на Англија предупреди дека референдумот за иднината на Велика Британија во Европската Унија претставува потенцијално „најголем ризик“ за светските пазари. „Резултатот од референдумот и понатаму е најголема опасност со која се соочуваат британските финансиски пазари, а можеби и глобалните финансиски пазари. Доколку се гласа за излегување од ЕУ, курсот на фунтата ќе се намалува, со можност нагло да се...

Убиена членка на британскиот парламент во Лидс

Членката на британскиот парламент од редовите на Лабуристичката партија, Џо Кокс, починала откако денеска била застрелана и прободена со остар предмет во инцидент кој се случил во близина на градот Лидс, јавува „Би-би-си“. Кокс по инцидентот во критична состојба веднаш била пренесена во болницата во Лидс, каде по неколку часа починала. Полицијата успеала да го уапси напаѓачот и, според информациите, станува...

Нова анкета покажува дека мнозинството Британци се за напуштање на ЕУ

Седум дена пред референдумот за излез на Велика Британија од Европската Унија, поголемиот дел од Британците, односно 53 отсто, се за излез од ЕУ, додека 47 отсто се за останување во Унијата. Тоа го покажува најновата телефонска анкета на „Ипсос“. Ова е првпат анкетите да бележат предност на гласачите што сакаат нивната држава да ја напушти Унијата. Анкета за расположението на граѓаните за излегување или...

ММФ: Брексит би ја зголемил неизвесноста во глобалната економија

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би ја зголемило неизвесноста во време на глобална економска слабост, изјави денеска заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Дејвид Липтон. - Многу е тешко да се предвидат потенцијалните ефекти, но таа неизвесност би преставувала негативен фактор и би настапила во време кога глобалното економско закрепнување е и понатаму бавно и слабо – изјави Липтон на...

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...