fbpx

Ципрас загрижено апелира на европска солидарност и обединување

-

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, изрази голема загриженост поради резултатите на референдумот за излез на Велика Британија од Европската Унија, оценувајќи го овој чекор како потврда за длабоката политичка криза во ЕУ и за криза на европскиот идентитет.

Ципрас апелираше за европска солидарност и обединување, но и за промена на насоката во која се движи ЕУ преку големи демократски и социјални реформи.

– Потребна ни е нова визија и нов почеток за Европа. Не за помалку Европа, но не и за поавторитативна Европа. Ни треба подобра Европа, социјална и демократска Европа во која народите ќе го имаат крајниот збор. За оваа Европа треба да се избориме – истакна Ципрас.

Тој забележа дека резултатите се загрижувачки, правејќи го денешниот ден тежок за цела ЕУ.

– Британскиот референдум или ќе биде будилник на месечарот кој патува во празно или ќе биде почетокот на еден многу опасен и лизгав пат за нашите народи – додаде грчкиот премиер.

Ципрас порача дека мора да се обединат сите напредни европски сили за да се смени насоката за една подобра Европа. Тој посочи дека е неопходно да има промена на сфаќањата, менталитетите и на европските политики за да се покрене силен отпор против евроскептицизмот, популистите и ултрадесничарите. За него овој исход е резултат на порастот на ултранационалистичките и популистичките сили во Европа, создаден од големите стереотипи, јаз и нееднаквост кој се создава меѓу северот и југот на ЕУ, изјавите дека државите од Северна Европа се работливи, а оние на југот мрзеливи.

Според Ципрас, потребна е промена на насоката во која оди ЕУ, поголема заштита на работничките права, социјалната држава, поголема солидарност, заштита на лични и колективни права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...