fbpx

Фараж призна дека ја излажале британската јавност за Брексит

-

Шефот на Партијата за независноста на Обединетото Кралство, Најџел Фараж, која силно се залагаше за излегување од Европската Унија, денеска при гостувањето во емисијата „Добро утро Британијо“, призна дека едно од ветувањата на кое се темелела нивната кампања за излез, најверојатно нема да се оствари.

Поборниците за Брексит ветуваат дека 350 милиони фунти, кои секоја недела се праќаат во ЕУ, ќе бидат вложени во британскиот здравствен систем. Водителката го прашала Фараж дали може да гарантира дека тие пари ќе завршат во домашниот здравствен систем, на што тој одговорил дека не може и оти станува збор за грешка за која не требало да говорат во кампањата. На тоа водителката инсистирала, велејќи дека тоа е рекламата на која се темелела целата кампања, а Фараж ја потврдил нејзината констатација и повторил дека станува збор за грешка.

– Но, токму затоа голем број луѓе гласаа. Ветивте 350 милиони фунти неделно за британскиот здравствен систем – рече водителката, на што Фараж, само лаконски по третпат призна дека станува збор за грешка.

Водителката во неверување постави ново прашање:

– Откако 17 милиони лица гласаа за вас и откако тој дел за здравствениот систем бил клучен за вашата кампања и пропаганда, велите дека тоа било грешка?.

Фараж на тоа само кратко рече: „Така е“.

Тој се обидел да објасни дека тие пари сега ќе бидат слободни за трошење на кој било начин, но оти не може да гарантира дека ќе завршат токму во здравствениот систем и се обиде да се извлече велејќи дека никогаш не дал такво ветување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...