fbpx

Референдум во Британија: Да се остане или не во ЕУ

-

Британците денеска одлучуваат дали ќе останат во Европската Унија или ќе излезат од заедницата. Нивниот одговор би можел во значајна мера да ја одреди иднината не само на Велика Британија, туку и на Европа. Право на глас имаат сите британски, ирски и граѓани на Комонвелтот, постари од 18 години.

Според последните анкети, британската јавност е целосно поделена. Тие што сакаат да се раскине партнерството меѓу Брисел и Лондон веруваат дека Европската Унија го спречува развојот на Велика Британија, додека со останување во ЕУ, државата би можела да добие специјален статус во друштвото на европските земји. Со тоа, би требало да се реши тоа што Британците го сметаат за проблем во ЕУ.

Британскиот премиер Дејвид Камерон, ги повика Британците да гласаат за останување во Европската Унија, а поранешниот градоначалник на Лондон, конзервативецот Борис Џонсон, е главен предводник на кампањата за излез од ЕУ.

– Се говори дека сме посилни, дека сме посигурни, дека е подобро да останеме. Посилни сме, затоа што ако заминеме, ќе ја смалиме нашата земја, ќе ја намалиме можноста за учество во носењето важни одлуки во светот. Посигурни, затоа што се бориме против тероризмот, криминалот и климатските промени и подобро е ако работиме заедно – рече Камерон.

Џонсон ги повика Британците да ја искористат шансата за самите да управуваат со својата иднина, а не некој друг.

– Ова е наша последна шанса да ја вратиме контролата. Ако не гласаме за излез, ќе останеме заклучени во задниот дел на автомобилот, возени во неизвесна насока, некаде каде не сакаме да одиме и можеби со возач кој не зборува најдобро англиски – смета Џонсон.

Првите резултати од референдумот ќе бидат познати в петок, рано наутро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...