fbpx
Таг: Велес

таг: Велес

Семејно насилство: Со два ножа се заканувал дека ќе ја убие 15 години помладата сопруга

Велешанец на возраст од 73 години во саботата вечерта со два ножа се заканил дека ќе ја убие неговата 15-години помлада сопруга оти отишла да го види болното внуче од син. Семејството на синот живеело еден кат над нив, односно на вториот кат од семејната куќа. Основното јавно обвинителство Велес почна истрага против осомничениот велешанец и побарало 30-дневен притвор за...

Железото од велешка Топилница нема опасни материи, може да се сече и продава на отпад

Компанијата „Метрудхем“, која е сопственик на велешката Топилница, ќе може да продолжи да сече отпадни метални делови од некогашниот индустриски капацитет и да ги продава како старо железо. Во Елаборатот за заштита на животната средина, што компанијата во септември го доставила до Министерството за животна средина и просторно планирање, е констатирано дека, врз основа на анализата на хемиските катактеристики...

Обвинителство постапува по случајот со убиството на 40-годишниот полицаец во Велес

СВР Велес денеска информираше дека ја уапсиле 23-годишната П.И. под сомнение дека го убила својот невенчан партнер А.Р.(40), кој како што објавуваат медиумите бил полициски службеник. „Денеска (29.09.2021) во 05.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода П.И.(23) од Велес поради сомнение дека околу 02.20 часот во семејната куќа на ул.„Максим Горки“ со остар предмет...

Во Велес се одржа 18. Меѓународен стрип салон

Во Велес изминатиов викенд се одржа 18. Меѓународен стрип салон во организација на Стрип центарот на Македонија. На овој меѓународен настан беа свечено прогласени наградените од меѓународниот стрип конкурс: 1 место „ЗЛАТЕН СТРИП“ • Сабахудин Мурановиќ Муран (БиХ) за стрипот „УБАВЕЦОТ ДРАГЧЕ“ 2 место • Стрип „ИМИГРАНТИ“ Дамир Чиврак (сценарио), Жељко Иванчиќ(цртеж), Ненад Бариниќ (колор) • Стрип „БАЛАДА ЗА МОЈОТ НЕПРИЈАТЕЛ“ Дарко Богданов и Александар...

ДИЖС: 3.000 евра казна за запалена депонија во Велес

На 29 јули, државен инспектор за животна средина изврши надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот, информираат од Државен инспекторат за животна средина. „По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови (дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор), согласно...

По повод 25 години од првиот концерт, „Фолтин“ ќе одржат бесплатни концерти во Струга, Прилеп и Велес

По повод јубилејот 25 години од одржувањето на првиот концерт, од „Фолтин“ најавуваат три бесплатни концерти за вљубениците на оваа музичка група што ќе се одржат во текот на јули. На летната сцена во Центарот за култура во Струга ќе настапат на 25 јули, додека на 29 јули „Фолтин“ ќе го одржат концертот во Прилеп на летната сцена во...

Пожар изби во велешката топилница, фирма сече железо, а не се знае дали има запаливи хемикалии

Експлозија и пожар во велешката топилница ги вознемири жителите на градот, кој повеќе од четири децении се бори со последиците од работата на овој индустриски капацитет. Инцидентот се случил вчера, а фотографии како густ чад се издига над објектите на некогашната топилница се проширија по социјалните медиуми. Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека увид на лице место бил...

Со нови дуални паралелки во Велес, ќе се обезбедува стручен кадар

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска како дел од отворените денови на кампањата „Учи паметно, работи стручни“ ги посети двете средни стручни училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес, каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите, информираат од Министерството за образование и наука. На штандови поставени во училишните дворови полуматурантите имаа можност...

Згурата од Топилница ќе се сепарира во затворен систем за да не се крева прашина

Нова, модерна сепарација за минералната техногена суровина, ќе се монтира покрај отпадот на депонијата на некогашната Топилница во Велес. Се работи за најнова опрема која функционира како затворен систем со што се избегнуваат сите можности за загадување на воздухот и кревање прашина при процесот на одвојување на суровините. Расејувањето на прашината богата со тешки метали е еден од долгогодишните...

Нов довод за струја ќе го забрза чистењето на депонијата на Топилницата во Велес

Изградбата на довод за електрична енергија до депонијата на велешката Топилница е неопходна за да се забрза ископувањето на суровината и извозот на троската. Сепарирањето на материјалот насобран во црниот рид досега се правеше со помош на генератори, но количините на суровината и потребата да се транспортираат поголем број камиони наложуваат да се обезбеди нов извор на електрична енергија....

Извезени стотина камиони згура од депонијата на велешката Топилница, од март ќе се копа во три смени

Згурата од велешката Топилница од март идната година ќе се прочистува во три смени, за да се забрза процесот на извоз на техногената суровина. Досега, околу стотина камиони со троска заминаа за Србија и Косово, а извозот со ова темпо ќе продолжи и во следните месеци. Во овие две земји треба да се преработат околу 300.000 тони од суровината,...

Десет камиони со згура од топилницата во Велес заминаа за Србија и Косово

Десет камиони со згура од почетокот на неделава од велешката топилница заминаа за Србија и Косово. Процесот на извезување на техногената минерална суровина веќе започна, а првите 300.000 тони ќе се преработуваат во соседството. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес конференција информираше дека заради актуелната состојба со аерозагадувањето, меѓу општината и операторот е договорено активностите да бидат минимални...

Од следната недела конечно почнува отстранувањето на црната депонија кај велешка „Топилницата“, најави концесионерот

Конечно ќе почне да се чисти црниот рид со троска покрај велешка „Топилница“, кој со децении го труе Велес. Околу 300.000 тони згура од идната недела ќе започне да се извезуваат во Србија и во Косово, информираат од компанијата која пред две години ја доби концесијата за остранување на згурата, „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје. Остатокот од троската,...

Објавени наградените учесници од меѓународниот Стрип конкурс „Велес 2020“

Стрип центар на Македонија - Велес ги објави наградените стрипови од традиционалниот, 18 по ред меѓународен стрип конкурс Велес 2020. „Постигнат е и квантитет и квалитет, македонската стрип сцена има солидна кадровска перспектива, но потребна е финансиска поткрепа за натамошни активности како, стрип школи, изданија, изложби, фестивали, меѓународна размена итн“ велат од Стрип центарот. Со парична награда обезбедена од страна на...

Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница

Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните преговори. Во тој период,...

Се санираат штетите од синоќешното невреме во Велес, исчезна едно лице

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес денеска на вонредна седница донесе повеќе заклучоци за санирање на последиците од синоќешното невреме во кое е нанесена голема материјална штета и исчезна едно лице, жител на велешко Белештевица, по кого се уште се трага. Според СВР – Велес, 51-годишниот Спасе Димовски во обид со својот трактор да и помогне на...

Панчевски немал време да се подготви за одбрана и не го разбирал обвинението за АКМИС

Денеска во велешкиот суд продолжи судењето на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд - Скопје, Владимир Панчевски, чие прво рочиште беше во петокот. Тој изјавил дека не можел да ја подготви одбраната затоа што немал доволно време во текот на викендот и повторил дека не го разбира обвинението. „Доказите ги видов во петокот кога увидот траеше до 17 часот. Преку...

Компанија заинтересирана за згурата од Топилница ќе го посети Велес

Нова компанија, заинтересирана да ја купи техногената минерална суровина од Топилница, на крајот од месецов треба да го посети Велес, а до средината на август ќе се знае кога ќе почне редовниот транспорт на згурата. Откако Малезија стана неизвесна дестинација за извоз на троската, бидејќи на почетокот на годината земјата забрани увоз на опасен отпад, компанијата „Кепс монт груп“,...

Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница

Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина. Според условите кои општинските власти ги...

„Солидарност, мобилност, иднина“ – нов мурал во Велес

Продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) овој пат со изработка на мурал на бетонскиот ѕид на влезот на Велес, под Спомен-костурницата. Муралот чиј автор е младиот уметник Давор Кешкец, е изработен на 86 метри должина и 2,5 метри висина и е во...

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа,...