fbpx
Таг: Велес

таг: Велес

По повод 25 години од првиот концерт, „Фолтин“ ќе одржат бесплатни концерти во Струга, Прилеп и Велес

По повод јубилејот 25 години од одржувањето на првиот концерт, од „Фолтин“ најавуваат три бесплатни концерти за вљубениците на оваа музичка група што ќе се одржат во текот на јули. На летната сцена во Центарот за култура во Струга ќе настапат на 25 јули, додека на 29 јули „Фолтин“ ќе го одржат концертот во Прилеп на летната сцена во...

Пожар изби во велешката топилница, фирма сече железо, а не се знае дали има запаливи хемикалии

Експлозија и пожар во велешката топилница ги вознемири жителите на градот, кој повеќе од четири децении се бори со последиците од работата на овој индустриски капацитет. Инцидентот се случил вчера, а фотографии како густ чад се издига над објектите на некогашната топилница се проширија по социјалните медиуми. Од Државниот инспекторат за животна средина информираат дека увид на лице место бил...

Со нови дуални паралелки во Велес, ќе се обезбедува стручен кадар

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска како дел од отворените денови на кампањата „Учи паметно, работи стручни“ ги посети двете средни стручни училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес, каде од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите, информираат од Министерството за образование и наука. На штандови поставени во училишните дворови полуматурантите имаа можност...

Згурата од Топилница ќе се сепарира во затворен систем за да не се крева прашина

Нова, модерна сепарација за минералната техногена суровина, ќе се монтира покрај отпадот на депонијата на некогашната Топилница во Велес. Се работи за најнова опрема која функционира како затворен систем со што се избегнуваат сите можности за загадување на воздухот и кревање прашина при процесот на одвојување на суровините. Расејувањето на прашината богата со тешки метали е еден од долгогодишните...

Нов довод за струја ќе го забрза чистењето на депонијата на Топилницата во Велес

Изградбата на довод за електрична енергија до депонијата на велешката Топилница е неопходна за да се забрза ископувањето на суровината и извозот на троската. Сепарирањето на материјалот насобран во црниот рид досега се правеше со помош на генератори, но количините на суровината и потребата да се транспортираат поголем број камиони наложуваат да се обезбеди нов извор на електрична енергија....

Извезени стотина камиони згура од депонијата на велешката Топилница, од март ќе се копа во три смени

Згурата од велешката Топилница од март идната година ќе се прочистува во три смени, за да се забрза процесот на извоз на техногената суровина. Досега, околу стотина камиони со троска заминаа за Србија и Косово, а извозот со ова темпо ќе продолжи и во следните месеци. Во овие две земји треба да се преработат околу 300.000 тони од суровината,...

Десет камиони со згура од топилницата во Велес заминаа за Србија и Косово

Десет камиони со згура од почетокот на неделава од велешката топилница заминаа за Србија и Косово. Процесот на извезување на техногената минерална суровина веќе започна, а првите 300.000 тони ќе се преработуваат во соседството. Градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес конференција информираше дека заради актуелната состојба со аерозагадувањето, меѓу општината и операторот е договорено активностите да бидат минимални...

Од следната недела конечно почнува отстранувањето на црната депонија кај велешка „Топилницата“, најави концесионерот

Конечно ќе почне да се чисти црниот рид со троска покрај велешка „Топилница“, кој со децении го труе Велес. Околу 300.000 тони згура од идната недела ќе започне да се извезуваат во Србија и во Косово, информираат од компанијата која пред две години ја доби концесијата за остранување на згурата, „Кепс Монт Гроуп“ ДООО Скопје. Остатокот од троската,...

Објавени наградените учесници од меѓународниот Стрип конкурс „Велес 2020“

Стрип центар на Македонија - Велес ги објави наградените стрипови од традиционалниот, 18 по ред меѓународен стрип конкурс Велес 2020. „Постигнат е и квантитет и квалитет, македонската стрип сцена има солидна кадровска перспектива, но потребна е финансиска поткрепа за натамошни активности како, стрип школи, изданија, изложби, фестивали, меѓународна размена итн“ велат од Стрип центарот. Со парична награда обезбедена од страна на...

Казахстан е нова дестинација за згурата од Топилница

Компанија од Турција е заинтересирана да ја купи згурата од Топилница, а суровините кои можат да се искористат би се преработувале во Казахстан. Претставници на фирмата веќе го посетија Велес и земаа примероци од троската, а идната недела се очекува повторно да дојдат во земјата и со концесионерот „Кепс монт груп“ да ги започнат административните преговори. Во тој период,...

Се санираат штетите од синоќешното невреме во Велес, исчезна едно лице

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес денеска на вонредна седница донесе повеќе заклучоци за санирање на последиците од синоќешното невреме во кое е нанесена голема материјална штета и исчезна едно лице, жител на велешко Белештевица, по кого се уште се трага. Според СВР – Велес, 51-годишниот Спасе Димовски во обид со својот трактор да и помогне на...

Панчевски немал време да се подготви за одбрана и не го разбирал обвинението за АКМИС

Денеска во велешкиот суд продолжи судењето на поранешниот претседател на Основниот кривичен суд - Скопје, Владимир Панчевски, чие прво рочиште беше во петокот. Тој изјавил дека не можел да ја подготви одбраната затоа што немал доволно време во текот на викендот и повторил дека не го разбира обвинението. „Доказите ги видов во петокот кога увидот траеше до 17 часот. Преку...

Компанија заинтересирана за згурата од Топилница ќе го посети Велес

Нова компанија, заинтересирана да ја купи техногената минерална суровина од Топилница, на крајот од месецов треба да го посети Велес, а до средината на август ќе се знае кога ќе почне редовниот транспорт на згурата. Откако Малезија стана неизвесна дестинација за извоз на троската, бидејќи на почетокот на годината земјата забрани увоз на опасен отпад, компанијата „Кепс монт груп“,...

Загадувањето на воздухот ќе се мери на четири места околу депонијата со згура од Топилница

Општина Велес ќе го контролира загадувањето околу депонијата со троска на некогашната Топилница, додека траат градежните работи за ископување и транспорт на минералната суровина. Емисиите на прашина ќе мора да се мерат на четири мерни точки, а загадувањето не смее да го надминува законски максималниот утврден лимит од 50 микрограми на кубен метар прашина. Според условите кои општинските власти ги...

„Солидарност, мобилност, иднина“ – нов мурал во Велес

Продолжува програмата на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) овој пат со изработка на мурал на бетонскиот ѕид на влезот на Велес, под Спомен-костурницата. Муралот чиј автор е младиот уметник Давор Кешкец, е изработен на 86 метри должина и 2,5 метри висина и е во...

Троската од велешката топилница се анализира за радиоактивност и токсичност во Грција

Примероци од црниот рид со згура од Топилницата во Велес се испратени на анализа во Грција заради обезбедување на последната дозвола пред да започне транспортот на суровината. Грчките власти ќе испитуваат радиоактивност и токсичност на троската пред да обезбедат МСДС (Material Safety Data Sheet), документ за квалитет на стоката при меѓународен превоз. Троската, до крајните дестинации ќе патува преку...

Казната за истечениот мазут во Вардар кај Велес е 100.000 евра, ама сè уште не е изречена

И по еден месец, сè уште нема конечен епилог за случајот со истекувањето на еден тон мазут во реката Вардар иако е познат причинителот, а надлежните инспекциски служби извршија увид и собраа докази. И понатаму трае натегањето на Државниот инспекторат за животна средина со претставниците на велешката фабрика „Благој Ѓорев“ околу записникот направен од страна на надлежните државни инспектори...

Почвата под згурата во Велес ќе се промени со нова во длабина од еден метар

Промената на земјата во Велес, на местото каде што се наоѓа историскиот отпад од работата на Топилницата и прочистувањето на почвата од децениските загадувања со тешки метали, ќе биде направено веднаш штом се извезат и последните количини од техногената минерална суровина. Компанијата „Кепс монт груп“, која има концесија да ја извезе троската, последица од долгогодишната работа на Топилницата, има...

Малезија си даде уште три месеци да одлучува дали ќе го земе отпадот од Топилница

Дали згурата од велешката Топилница ќе замине за Малезија ќе се знае за околу три месеци. Рокот од шест месеци за малезиската влада да даде зелено светло или целосно да забрани увоз на отпад, истече на почетокот на месецов. Одлука не беше донесена заради актуелните состојби околку пандемијата со ковид-19. Сите активности за мониторинг на договорите за увоз на...

Магдоносот во Велес „богат“ со олово и кадмиум

Лиснатиот зеленчук, а особено магдоносот во Велес има најголема концентрација на тешки метали. Истражувањата на почвата, спроведени во 2019 и 2018 година покажуваат дека зеленчукот што го консумираат велешани содржи со 1,5 пати поголема концентрација олово од дозволената и 2,5 пати поголема концентрација кадмиум. Загадувањето е резултат на огромните количини тешки метали, кои сè уште стојат на отворено покрај...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...