Концертот „Нова ера“ на Никола Мицевски в сабота во Велес

Велес | Фото: Raso mk Wikimedia Commonc CC BY-SA 3.0

Албумот „New era“ (Нова ера) на Никола Мицевски ќе доживее концертна промоција во сабота во Велес. Концертот ќе се одржи во театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, а Мицевски ќе биде придружуван од 40-тина врвни музичари и хористки на сцена.

Велешката публика ќе има можност да ги проследи настапите и на специјалните гости на концертот – Дамјан Пејчиноски и хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес, под диригентската палка на Веселинка Маџарова.

Средствата од продажбата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, информираа од Општина Велес.