среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: тест | 28 резултати

Тестот кој може да детектира и ковид и грип не значи дека двата вируса се исти

декември 7, 2022

Станува збор за комбиниран тест, кој детектира и ковид-19 и грип, а тоа не ги прави двата вируса исти, ниту, пак. покажува дека имаат ист причинител. Тоа патем го пишува и во самото упатство за тестирање. Не е точно дека сега е сменето само пакувањето и дека порано сите тестови со кои се детектирал ковид-19, […]

Вистиномер: Комплетни измислици за грабнување и насилно тестирање на пациент

август 19, 2022

Лице од Кичево кое беше прво лице од Македонија со симптоми на мајмунски сипаници, неколку дена по ред одбиваше да се тестира. После пет дена одбивање, на крај тој прифатил да се тестира, а тестот е негативен, односно тој нема мајмунски сипаници. Наспроти тоа што го говорат фактите, овој пост шири невистини и паника во […]

Вистиномер: Фејсбук објава дезинформира дека со тестовите се краде ДНК

декември 21, 2021

Тестирањето е всушност земање на брис подлабоко од грло и нос со стапче со памучен врв, трае неколку секунди и е безбедно, како и секое друго земање брис коешто сите ние сме го правеле многупати досега за разни други бактерии и вируси. Примерокот потоа се тестира во лабораторија за да се види дали е присутен […]

Шекеринска со делегацијата од Вермонт: Со „Одлучен удар 21“ го положивме првиот тест по членството во НАТО

јуни 2, 2021

Високата делегација од сојузната држава на САД, Вермонт која ја предводи заменик гувернерката Моли Греј и командантот на Националната Гарда (НГ), генерал-мајор Грегори Најт, која престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија, денес престојуваше во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. За време на посетата, делегацијата остварила средби со министерката за одбрана […]

Вицепремиерот Љупчо Николовски позитивен на ковид-19

декември 18, 2020

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски информираше дека е позитивен на ковид-19. „Поради лесни симптоми направив ковид-19 тест и резултатот е позитивен. Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите. Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.

Тестовите за Ковид-19 ниту го оштетуваат мозокот, ниту содржат хидрогел, ниту се задолжителни

октомври 2, 2020

Објава на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека тестовите за корона вирусот се многу опасни, дека со нив наводно се оштетува заштитната бариера на мозокот, се злоупотребува генетски примерок од ДНК, се врши умствена контрола врз тестираните?! Тестирањето за коронавирусот единствено има за цел да открие дали во организмот постојат знаци на активна инфекција, пишува Вистиномер.мк […]

Грција ја продолжи забраната за влез на државјани на Северна Македонија и други земји

септември 1, 2020

Од денеска на сила е најновото од продолжувањата на забрани за влез во Грција на голем број земји, меѓу кои и државјани на Северна Македонија. Од оваа мерка за заштита од ширењето на болеста ковид-19 предизвикана од новиот корона вирус се исклучени одредени категории луѓе. Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, […]

Од денеска во Србија само со негативен PCR тест не постар од 48 часа

август 15, 2020

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) извести дека на предлог на Институтот за здравје на Србија, српската влада донела одлука со која на граѓаните на Северна Македонија и на уште три земји: Хрватска, Романија и Бугарија, ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија. Одлуката за државјаните на овие четири земји, меѓу […]

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ за влез во земјата мора да приложат негативен ПЦР тест

јули 9, 2020

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе ПЦР тест за влез на државјани на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина во државата. Одлуката стапува на сила од денеска и ќе трае сè до донесување на нова одлука на владата. „Владата на 75. седница донесе дополнување […]

Негативни се тестовите за корона на Спасовски и на Филипче

април 24, 2020

Тестот за Ковид-19 на премиерот Оливер Спасовски е негативен, но тој сепак ќе остане во домашна изолација, соопшти Генералниот секретаријат на Владата. Министерството за здравство соопшти дека и тестот на министерот Венко Филипче е негативен, откако резултатите стасаа вчера, на 8-от ден од тестирањето. И покрај позитивниот исход од тестирањето, обајцата ќе останат во самоизолација […]

Тестот за корона вирус на Заев е негативен

април 10, 2020

Министерството за здравство информира дека тестот за коронавирус на претседателот на СДСМ Зоран Заев е негативен. Негативен е и тестот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Сепак, и двајцата остануваат 14 дена во самоизолација. Во секој момент се очекува прес-конференција да одржи министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

Едниот тест детектира присуство на корона, а другиот дали сте го прележале вирусот без да знаете

март 31, 2020

Нема разлика меѓу тестовите за ковид-19 што се прават во приватните здравствени институции, со оние кои се прават во државната лабораторија на Институтот за јавно здравје. Има разлика во типот на тестови, појасни пред малку на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Тој информира за низата активности кои државата ги прави за да се справи […]

Германските трговци прават кеси од зеленчук, овошје и шеќер што можат да се јадат

март 5, 2020

Германските трговски синџири „Едека“ и „Реве“ неодамна започнаа да тестираат кеси за пазарење кои можат да се јадат, со цел да го намалат количеството на пластика во своите маркети. Овие два синџира до тоа решение дојдоа посебно, во соработка со меѓунардните компании кои се занимаваат со правење на вакви видови кеси. Имено, сите производи се […]

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот тест од државната матура

мај 27, 2017

Вкупно 16.426 матуранти денеска со полагањето на тестот по мајчин јазик и литература ќе ги започнат полагањата на тестовите од државната матура кои ќе траат до 14 јуни. Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10.632 матуранти за македонски јазик, 5.120 за албански јазик и 418 за турски јазик. На 10 јуни е закажано […]

Дачиќ: Харадинај е тест за Европа

јануари 26, 2017

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека случајот со некогашниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај, кој во Франција беше уапсен по српската потерница за воени злосторства, е тест за Европа. – Ако политичките одлуки се поважни од тоа дали некој е воен злосторник или не, се поставува прашањето дали казнувањето воени […]

МОН го објави распоредот за екстерно тестирање на учениците

јуни 3, 2016

Министерството за образование објави кои предмети учениците од основните и од средните училишта ќе ги полагаат за екстерното тестирање што ќе се одржи на 7 јуни. За вториот дел од екстерното тестирање, што ќе се одржи на 10 јуни, распоредот ќе биде објавен во вторник. На следниот линк  учениците можат да проверат кој предмет ќе го полагаат на […]

Недела на големи одлуки за грчката влада

април 25, 2016

Наместо воскреснување на економијата, нови мерки и стеги за грчкиот народ и за бизнисмените. Ова се шпекулира дека ќе биде исходот од оваа Велика недела во Грција, ако се има предвид дека владата се надева до четврток да се затвори првиот дел од преговорите со кредиторите околу мерките за пензиски и за даночни реформи. Во […]

Иран лансираше шест балистички ракети

март 8, 2016

Иранската револуционерна гарда за време на воените вежби лансирала неколку балистички ракети, јави новинската агенција ИРНА. Ракетите се лансирани во текот на ноќта од неколку позиции во земјата, а на видеоснимката што ја објави државната агенција се гледаат ракети во подземни силоси, а потоа блесоци светлина. Ракетите демонстрираат моќ со тенденција за заплашување и за […]

Раперот Снуп Дог уапсен во Шведска под сомнеж дека возел дрогиран

јули 27, 2015

Американскиот рапер Снуп Дог бил уапсен од шведската полиција, под сомневање за користење илегални дроги по неговиот концерт во Упсала, Шведска, пренесува „Хафингтон пост“. Раперот бил ослободен откако му бил направен тест за дрога. Како што јавува „Хафингтон“, Снуп Дог на „Инстаграм“ поставил неколку објави во врска со апсењето, во кои тврди дека бил уапсен за ништо, […]

Паметни телефони прават ХИВ-тест

февруари 9, 2015

Научниците од Универзитетот „Колумбија“ направиле додаток за паметни телефони кој врши тестирање на крвта за сифилис или за ХИВ за 15 минути. Додатокот може да се користи на кој било телефон „андроид“ или „ајфон“, а за да се направи тестот, потребно е корисникот да стави капка крв од прстот на пластичниот дел од додатокот и да […]

Страна 1 од 2