fbpx

Германските трговци прават кеси од зеленчук, овошје и шеќер што можат да се јадат

-

Германските трговски синџири „Едека“ и „Реве“ неодамна започнаа да тестираат кеси за пазарење кои можат да се јадат, со цел да го намалат количеството на пластика во своите маркети. Овие два синџира до тоа решение дојдоа посебно, во соработка со меѓунардните компании кои се занимаваат со правење на вакви видови кеси. Имено, сите производи се ставаат во специјални пакети што се транспортираат во тенки, заштитни и други кеси за јадење, пренесува српскиот портал „Блиц“, цитирајќи го магазинот „Ин стор трејд Магазин“ (In Store Trade Magazin).

Заштитните кеси на „Едека“ ги направи американската компанија Apeel Sciences, а оние кои ги јаделе велат дека се навистина вкусни, како и дека се направени од овошје, зеленчук, семки и природни лушпи. Овие кеси не пропуштаат вода и овозможуваат храната да остане свежа. Во некои продавници прво се тестирани на авокадо.

Трговскиот синџир „Реве“ исто така започна со тестирање на вакви кеси кои се направени од природен шеќер, каши и разни билни масла, а сите нив ги изработува британската компанија AgriCoat NatureSeal. Авокадото во овие кеси веќе се наоѓа на пазарот и може да се купи во 860 продавници од трговските синџири „Реве“ и „Пени“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...