fbpx

Вистиномер: Комплетни измислици за грабнување и насилно тестирање на пациент

-

Лице од Кичево кое беше прво лице од Македонија со симптоми на мајмунски сипаници, неколку дена по ред одбиваше да се тестира. После пет дена одбивање, на крај тој прифатил да се тестира, а тестот е негативен, односно тој нема мајмунски сипаници. Наспроти тоа што го говорат фактите, овој пост шири невистини и паника во јавноста,  дека човекот насилно ќе биде грабнат со полициско комбе за да се тестира, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Фесјбук објава лажно тврди дека суспектното лице на мајмунски сипаници ќе било насилно грабното со полициско комбе за да се тестира во Скопје каде што ќе му биде вбрзиган отров. Ова нема никава врска ни со вистината, ни со логиката.

Слушам на сител,ќе го грабнат човекот насилно со полициско комбе и ќе го носеле во Скопје на тестирање

А што правиме ако таму на тестирањето му вбризгаат отров од којшто ќе умре за неколку дена

Оваа значи дека утре ако Системот прогласи некој за непожелен за општеството,тој човек може да го снема на ист таков начин.

Луѓе оваа веќе не е ниту тиранија,ниту диктатура,

оваа е класичен сатанизам.

Хитлер,Сталин,Мусолини се бебиња за овие нашиве владари

Додека молчиме и трпиме,малку ни е.

Лице од Кичево кое беше прво лице од Македонија со симптоми на мајмунски сипаници, неколку дена по ред одбиваше да се тестира. После пет дена одбивање, на крај тој прифатил да се тестира, а тестот е негативен, односно тој нема мајмунски сипаници.

Но, додека тој неколку дена по ред одбиваше да се тестира, на Фејсбук се тврдеше дека тој насилно ќе биде грабнат со полициско комбе за да се тестира.

Ваквото тврдење, според објавата, прозилегува од вестите на Сител телевизија. Но, на Сител, на денот кога е објавен статусот (11.08) нема таква вест којашто може да ги потврди овие изјави кои предизвикуваат страв и сомнеж кај јавноста.

Дента кога е објавен овој статус, изјава за медиуми даде Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести, кој истакна дека нема законска можност да го присилат лицето на тестирање. Ова е сосема обратно од тврдењето дека суспектното лице ќе биде насилно грабнато со полициско комбе за да се тестира во Скопје.

Ние немаме законска можност да го присилиме да се тестира, бидејќи никаде во светот тоа не се прави за оваа болест. Ова не е болест со која следи задолжителна изолација. Изолацијата е во облик на препорака и се надеваме дека ќе проработи свеста и очекуваме да се заврши тестирањето, рече Петличковски кој потенцираше дека здравјето е и колективна и индивидуална одговорност на сите жители на државата.

Следниот ден здравствените власти успеаја да го убедат кичевчанецот да му земат брис за тестирање. Никој не го грабнал човекот и не го однел насилно со полиција да му се изврши тестирањето, како што се тврди во објавата.

Во Центарот за јавно здравје – Битола веќе е добиен примерок за анализа од пациентот од Кичево за кој е препорачано тестирање. Веднаш по обработката на земениот брис во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, јавноста ќе биде информирана за резултатот, изјавија од Министерство за здравство.

На крајот од денот стигна и резултатот од тестот на сомнителното лице кое покажа дека кичевчанецот е негативен на мајмунски сипаници.

Освен што шири невистини за начинот на тестирање на сомнителното лице, во објавата се споделува уште една невистина, но која на големо ја заплашува јавноста со можни ликвидации за време на тестирањето.  Во објавата, без никаква логика се поставува прашањето што ако на тестирањето му вбризгаат отров на пациентот и што ако на тој начин се ликвидираат сите непожелни за општеството.

Многу силни сомневања и обвинувања без притоа да се има каков било доказ. Нејасно е зошто некој би му вбризгал отров на пациентот? Што би се постигнало со тоа? Зошто медицинските власти би сакале да направат такво нешто? Тоа е, всушност, убиство за кое кривично се одговара. И, еве веќе два дена пациентот е тестиран, па не е починат од вбризгување отров.

Ова тврдење освен што нема никаква логика, може да направи огромна штета по јавното здравје затоа што со вакви објави се предизвикува паника кај јавноста и одбивање на тестирање на вируси од страв дека ќе им биде вбризган отров. Со тоа се остава можноста вирусот на мајмунски сипаници, а и други вируси меѓу кои и коронавирусот, да се шират неконтролирано, а со тоа да биде загрозено здравјето и животот на многу лица.

Бидете особено внимателни кога ќе прочитате вакво нешто загрижувачко на социјалните мрежи. Доколу некоја објава ви предизвика паника и страв прво проверете дали има научна поткрепа за тоа, дали има релевантни докази кои ќе го потврдат напишаното, или објавата е измислена со некаква цел и наполнета со шпекулации и сензационализам за да ви предизвикаат емотивна реакција, како што е случајот со овој пост.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....