Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски информираше дека е позитивен на ковид-19.

„Поради лесни симптоми направив ковид-19 тест и резултатот е позитивен.
Од овој момент влегувам во изолација и ги следам во целост насоките на лекарите.
Чувајте се. Вирусот наоаѓа начини, но заедно ќе го победиме,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.