fbpx

Грција ја продолжи забраната за влез на државјани на Северна Македонија и други земји

-

Од денеска на сила е најновото од продолжувањата на забрани за влез во Грција на голем број земји, меѓу кои и државјани на Северна Македонија. Од оваа мерка за заштита од ширењето на болеста ковид-19 предизвикана од новиот корона вирус се исклучени одредени категории луѓе.

Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, како и привремените ограничувања на копнените граници со Северна Македонија, Албанија и Турција, е продолжена од 15 септември. Туристите и странските државјани за кои не постои забрана во Грција може да влезат само преку граничниот премин со Бугарија, Кулата-Промахонас, но мора да имаат негативен тест за ковид-19 направен најмногу 72 часа пред пристигнувањето.

На другите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.

Овие гранични премини се отворени од 7 часот наутро до 23 часот, а забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...