Таг: тероризам

таг: тероризам

Кери повика на уште посилно спротивставување на тероризмот

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска во Брисел повика на посилна борба против тероризмот и милитантната група Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападите во кои се убиени 31 лице, а повеќе од 270 се ранети. Официјални американски извори потврдија дека меѓу загинатите се наоѓаат и двајца американски државјани. Кери им изрази сочувство на граѓаните на Белгија. Американскиот државен секретар претходно...

Сè поголем е стравот од тероризам во Австрија

Сè поголем број Австријци се плашат од тероризам, покажува најново испитување на јавното мислење. Според истражувањето на институт „Галуп“, 56 отсто од Австријците веруваат дека Австрија би можела во следниот период да стане мета на терористички напади. Од друга страна, само 30 отсто од испитаниците се чувствуваат безбедно. И покрај сè поголемиот страв од тероризам, 43 отсто од Австријците истакнуваат дека нема...

Лавров: Кога се соочуваме со тероризам, треба да се остават геополитичките игри настрана

Европејците би требало да ги остават настрана геополитичките игри во момент кога се соочуваат со тероризам, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Лавров, на почетокот на состанокот со неговиот германски колега, Фран Влатер Штајнмаер, изјави дека Русија е подготвена да разговара за борбата против заканите од тероризам. - Се надевам дека Европејците, кои се соочуваат со сериозна закана од...

САД ги предупредија граѓаните за ризикот ако патуваат во Европа

На потенцијалниот ризик од патувања во Европа, ги предупредија САД своите граѓани, наведувајќи дека по Брисел, терористичките групи планираат напади и во други градови на континентот. „Терористичките групи продолжуваат да планираат непосредни напади во Европа, а цел им се спортски настани, туристички места, ресторани и јавниот транспорт“, се наведува во предупредувањето изададено од Стејт департментот. За тие американски граѓани што сепак ќе патуваат...

Попоски се сретна со амбасадорката на Белгија во Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Белгија во Република Македонија, Аник ван Калстер. Попоски изрази длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осуди нападите. „По терористичките напади во Брисел, на аеродромот „Завентем“ и во метрото во Брисел, и по воведувањето на највисокото ниво на...

Иванов: Македонија се соочува со сите ризици како другите земји во Европа

„Во Македонија ги има сите ризици што ги има во сите земји од нашето опкружување и во Европа. Постојат заканите, но ние успешно се справуваме со нив и превентивно и проактивно дејствуваме. Граѓаните треба да бидат спокојни затоа што нашите институции, во соработка со нивните партнерски служби, ги спречуваа сите ризици што постоеја досега“, изјави претседателот Ѓорге Иванов, по...

Вучиќ: Ќе учествуваме во борбата против тероризмот и ќе ги заштитиме граѓаните

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека тоа што денеска се случи во Брисел е катастрофа и дека е згрозен од тие случувања, но верува дека Европа и светот ќе најдат најдобар одговор за терористичките напади. Вучиќ вели дека по ваквите напади очекува мир и присебност. - Никој од нас не смее да го направи тоа што терористите најмногу би го сакале,...

Германија ги затвори амбасадата и конзулатот во Турција

Германската амбасада во Анкара е затворена поради индиции за можен напад, соопшти денеска министерството за надворешни работи во Берлин. Како што се наведува, затворени се и германскиот конзулат и училиштето во Истанбул. Германскиот конзулат се наоѓа во близина на плоштадот Таксим, најголемата туристичка и рекреативна област во Истанбул. Претходно, отцепената група од Работничката партија на Курдистан (ПКК), наречена Курдистански соколи на слободата (ТАК),...

Германската полиција истражува документи со идентитети на борци на ИД

Германската полиција за борба против тероризмот почнала истрага во врска со документи што ги откриваат идентитетите на голем број борци на Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“. Според британските и германските медиуми, кои дошле до документите, станува збор за прашалници за регрутирање кои го откриваат идентитетот на илјадници поддржувачи на ИД од околу 50 земји. Како што пренесува британскиот национален сервис, документите содржат...

Шест лица осудени за тероризам во Москва

Воениот суд во Москва прогласи за виновни шест мажи и ги осуди на затворска казна  од 11 до 14 години поради планирање терористички напади во 2014 година. Регионалниот суд ги прогласи за виновни и за илегално производство и за дистрибуција на оружје. Групата планирала терористички напад во Одинцов, за време на одбележувањето на завршувањето на Втората светска војна. Полицијата ги уапси на...

Денеска продолжува судењето за „Диво Насеље“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година. За сведоци денеска се пријавени петмина кумановци на барање на Јавното обвинителство. Во овој процес им се суди на 29 лица обвинети за тероризам.

„Диво Насеље“: На распит обвинет полицаец

На денешното рочиште од судскиот процес за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, до овој момент искази дадоа четворица од вкупно седум сведоци на обвинителството. Меѓу нив беше и полицаецот Зоран Станојковски, тогаш командир на полициската станица за граничен надзор Пелинце и претпоставен на полицаецот Арсим Бајрами, обвинет во случајот. Станојковски пред судот објасни...

Хојт Ји се сретна со јавниот обвинител Зврлевски

Заменикот помошник државен секретар за европски и за евроазиски прашања на САД, Брајан Хојт Ји, денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски. На средбата, станало збор за справувањето со тероризмот и за санкционирањето на учеството во странски војски, како и за подготвеноста на Јавното обвинителство на Република Македонија за справување со кривичните дела против изборите. Освен ова, биле разменети...

Сведок во „Диво Насеље“: Полицијата бараше злато и дрога

На денешото рочиште од судењето за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, пред судот искази дадоа тројца сведоци, предложени од обвинителството. Двајца од нив беа ќерката и сопругата на обвинетиот Фадиљ Фејзулаи, кој, според обвинителниот акт, им ја издал куќата на членовите на вооружената група. Ќерката, Артизана Фејзулаи, на прашања од обвинителите, рече дека утрото...

Во БИХ уапсени две лица осомничени за тероризам

Полициските службеници на босанската Државна агенција за истрага и заштита (СИПА) вчера на меѓународниот аеродром во Сараево ги лишила од слобода лицата со иницијали М.С. (1972) од Грачаница и O.A.K. (1970) од Босанска Дубица, откако биле испорачани од Турција. Двете лица се уапсени по наредба на обвинителството на БИХ, поради извршено кривично дело организирање терористички групи. Наведените лица се осомничени дека...

Напредна школа на НАТО за справување со заканата од тероризмот во ЈИЕ

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, вечерва во Охрид ќе ја отвори напредната школа на НАТО, „Справување со заканата од тероризмот во Југоисточна Европа“. Како што соопштуваат од министерството, на школата, која е заеднички проект со американскиот универзитетот „Норвич“, ќе учествуваат 40 претставници на безбедносните служби, кризниот менаџмент, академската заедница и на невладиниот сектор од Македонија, Албанија, Босна...

Обвинети во „Диво насеље“: И малите деца знаат дека не сме терористи

„Дури и малите деца знаат дека не сме терористи и дека не дојдовме во Куманово да војуваме. Бевме искористени за политички цели и не сме ниту први, ниту последни што сме искористени за тоа“, рече Насуф Бекири, еден од обвинитите во случајот „Диво Насеље“ на денешното продолжение на судскиот процес. Бекири, како дополнување на воведните зборови на неговиот адвокат Мефај Арслани,...

Денеска продолжува судењето за „Диво Насеље“

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против 29 обвинети за настантите во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година. На денешното рочиште воведни зборови треба да дадат адвокатите на одбраната на 11 обвинети во случајот. На претходното, прво рочиште, кое се одржа пред два дена (9 февруари) свои воведни излагања...

Комисијата за надзор на работата на УБК и на АР во работна посета на институциите

Претставниците на Собраниската комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање денеска во просториите на УБК одржаа работна средба, на која од страна на Управата беше презентирана актуелната безбедносна состојба во Македонија од аспект на екстремизам, тероризам, илегална миграција и бегалската криза. Како што соопштија од МВР, на состанокот се разговарало и...

Рауфи: Со Диво Насеље требаше да се дефокусира јавноста од „бомбите“

Ние сме убедени дека со нападот на караулата Гошинце и со настаните од Диво Насеље, се сакаше да се дефокусира јавноста од прислушуваните разговори, изјави адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи, по завршувањето на денешната главна расправа за настаните од Куманово од 9 и од 10 мај минатата година. Инаку, сите 29 обвинети, денеска на почетокот на судењето, се...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...