Вучиќ: Ќе учествуваме во борбата против тероризмот и ќе ги заштитиме граѓаните

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека тоа што денеска се случи во Брисел е катастрофа и дека е згрозен од тие случувања, но верува дека Европа и светот ќе најдат најдобар одговор за терористичките напади.

Вучиќ вели дека по ваквите напади очекува мир и присебност.

– Никој од нас не смее да го направи тоа што терористите најмногу би го сакале, да паничиме, да внесеме неред во општеството, да го менуваме начинот на живот. Тоа е она што терористите сакаат да го постигнат – изјави Вучиќ.

Тој додаде дека иако Србија е безначајна во однос на големите земји во борбата против тероризмот, сепак ќе пружи поддршка во таа борба.

– Подготвени сме со оружје, орудие, муниција и на сите други начини да учествуваме во таа борба. И, нормално, наша работа е да ги заштитиме граѓаните и границите –изјавил Вучиќ, кој упатил телеграма со сочувство на белгискиот премиер Шарл Мишел, по повод терористичките напади на аеродромот и на метрото во Брисел.

Тој изрази сочувство на семејствата на настраданите и на белгискиот премиер.