Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата ќе го вклучи и граѓанскиот сектор

Членовите на Меѓуресорското тело се обврзаа на првата наредна седница, која ќе се одржи за две недели, да дадат конкретни предлози поврзани со наодите од последниот Извештај на Европската комисија кои се однесуваат на корупцијата, како и за поефикасно спроведување на акциониот план од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

-

Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, кое се формираше со владина одлука со цел да се зајакне соработката меѓу надлежните институции заради унапредување на политиките и механизмите за превенција и справување со корупцијата, денеска ја одржа првата официјална седница.

Со конститутивната седница претседаваше заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

На седницата детално се разгледуваа забелешките на членовите на ова тело во однос на Предлог деловникот за работа, по што тој беше едногласно усвоен. Утврдувајќи ги правилата за работа на Меѓуресорското тело, членовите го прифатија предлогот на вицепремиерката Грковска, на јавните седници, во својство на набљудувачи, да се вклучат и претставници од граѓанските организации кои се активни во оваа област.

Членовите на Меѓуресорското тело се обврзаа на првата наредна седница, која ќе се одржи за две недели, да дадат конкретни предлози поврзани со наодите од последниот Извештај на Европската комисија кои се однесуваат на корупцијата, како и за поефикасно спроведување на акциониот план од Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Во Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата учествуваат претставници на Јавното обвинителство, Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија, Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Управата за финансиска полиција, Царинската управа, Управата за финансиско разузнавање, Бирото за јавни набавки, Агенцијата за управување со одземен имот, Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на Република Северна Македонија во Совет на Европа – Група на држави против корупција.

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Израелскиот премиер негира дека Хамас се согласил на договорот со Газа за целосен прекин на огнот

Од канцеларијата на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, негираат дека Хамас се согласил на предлогот за прекин на огнот во Газа, откако еден израелски функционер изјави дека палестинската милитантна група дала одобрение,...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес...