fbpx

Денеска продолжува судењето за „Диво Насеље“

-

Денеска во Основниот суд Скопје 1 треба да продолжи судскиот процес против 29 обвинети за настантите во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година.

На денешното рочиште воведни зборови треба да дадат адвокатите на одбраната на 11 обвинети во случајот. На претходното, прво рочиште, кое се одржа пред два дена (9 февруари) свои воведни излагања дадоа адвокатите на 18 обвинети, Шазифер Исеини и Насер Рауфи.

Тогаш сите 29 обвинети се изјаснија за невини за обвиненијата тероризам и терористичка организација за кои се товарат.

По завршувањето на рочиштето во вторникот, адвокатот Насер Рауфи изјави дека тој и обвинетите што ги застапува се убедени дека целта на нападот на караулата Гошинце и со настаните од Диво Насеље била да се дефокусира јавноста од преслушуваните разговори што ги објави опозицијата.

На почетокот на судењето, во вторникот, претседателката на Судскиот совет, Верка Петковска, ги отфрли како неосновани приговорите на адвокатите за неисполнување на условите за почеток на судењето, поради тоа што не било извршено психијатриско вештачење на обвинетите и барањето Специјалното јавно обвинителство да го преземе случајот.

Таа рече дека од Специјалното јавно обвинителство до судот не е доставено известување за преземање на предметот, а сè дотогаш надлежно за случајот е Основното јавно обвинителство за организиран криминал и за корупција.

Обвинителот Наум Пановски го образложи обвинителниот акт, посочувајќи дека од „приложените докази, кои ќе бидат изведени во текот на постапката, несомнено ќе се докаже учеството на обвинетите во дејствата за кои се товарат, а ќе се докаже и основаноста на правната квалификација на делата што се ставаат на товар на обвинетите“.

Адвокатот Шазифер Исеини, во своите воведни зборови на главниот претрес, рече дека во обвинението нема никакви докази, ниту има основа за обвинетите да се товарат за тероризам и за терористичка организација и се обиде да укаже дека во обвинението има многу релативни и непрецизни наводи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...