fbpx
Таг: светска банка

таг: светска банка

Стапи на сила новиот Закон за енергетска ефикасност, подзаконските акти допрва ќе се работат

Имплементација на прописите за енергетска ефикасност на ЕУ, поголем обем на работа за енергетските контролори и отежнат начин за исклучување на граѓаните од системите за централно греење се главните предности што ги носи новиот Закон за енергетска ефикасност, којшто денес стапи на сила. Пратениците од Собранието го изгласаа овој закон како една од последните точки пред распуштањето на законодавниот...

Се грееме како во среден век, исклучително неефикасно, скапо и токсично (видео)

Скап увоз на струја, уништување на дрвниот фонд на шумите, огромно загадување на воздухот во градовите и дотраена мрежа за снабдување со централно греење се само дел од оценките на Светската банка за затоплувањето на објектите во земјава во текот на зимските месеци. Банката во еден од извештаите за реализација на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во земјава,...

Со помош на Светска банка ќе се модернизира земјоделството

Проект за модернизација на земјоделството во вредност од 50 милиони евра, како и проект за администрирање на социјалното осигурување во вредност од 13,8 милиони евра ќе се реализираат во рамки на четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка. Заменик-министерката за финансии Ширет Елези пред Собранието ги образложи законите со чие усвојување се овозможува финансирање на овие проекти. -Проектот за модернизација на...

Со грант од 1,1 милион евра за техничка помош, општините ќе градат и санираат патишта

Локални патишта во должина од 270 километри ќе бидат изградени или санирани со проектната документација што 78 општини ја добивaат од Министерство за финансии. Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што со Светска банка го реализира посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините. -...

До средината на годинава ќе биде распишан тендерот за поставување камери и електронски знаци на Коридорот 10

Министерството за транспорт и врски го изработува тендерот за воведување на Интелигентен транспортен систем (ИТС) на автопатот од Коридор 10. Претстојните предвремени парламентарни избори нема да влијаат на реализацијата на овој проект, така што се очекува најдоцна до средината на оваа година да се распише тендерската постапка за избор на најповолен понудувач, информираат од ова министерство за „Мета.мк“. Идниот комуникациско...

Без Фонд за енергетска ефикасност и инвестиции, ќе нема намалување на аерозагадувањето

Македонската влада догодина треба да започне со користење на 25 милиони евра кредит од Светската банка со кој е предвидено до 2025 година да се изврши реновирање на околу 100 јавни објекти на локално и централно ниво преку примена на мерките за енергетска ефикасност. Од Министерството за финансии за „Мета.мк“ велат преку проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор...

Со камери и електронски знаци ќе се намалува бројот на сообраќајки на Коридорот 10

Македонија е на сериозен пат да го воведе Интелигентниот транспортен систем (ИТС) на автопатот долж Коридорот 10. Министерството за транспорт и врски веќе ја изработи проектната документација за новиот систем, а државата подигна и заем кај Светската банка за реализација на проектот. Ќе бидеме едни од првите во регионот со комуникациско - информацискиот систем за контрола и управување на...

Инсталирани фотоволтаични системи на 108 јавни објекти низ земјава

На училишта, градинки, спортски сали, општински згради, домови на културата и други јавни објекти во 36 општини низ земјава беа инсталирани фотоволтаични централи кои годишно ќе штедат по околу 190.000 евра на сметки за електрична енергија. Во соработка со Европската Унија и Светската банка, македонската влада во изминатиов период постави опрема за производство на електрична енергија од сонцето на...

Светска Банка со поголем фокус на борбата со загадувањето во земјите на Западен Балкан

Годишно во светот умираат 4,2 милиони луѓе од последиците на загадениот воздух, а речиси 91 процент од светската популација живее во услови на загаденост, рече Марко Мантованели директорот за регионот на Европа и Централна Азија на Светска банка на денешната регионална конференција за земјите од Западен Балкан  „Управување со квалитетот на воздухот на Западен Балкан - Прашања, решенија и...

„Интелигентниот надзор“ на Коридорот 10 ја мина ревизијата, следи тендер

Градежниот факултет при УКИМ ја заврши ревизијата на проектната документација за воведување на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот на автопатот од Коридор 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека ревидираниот проект е испратен до Министерството за транспорт и врски, така што следна обврска е распишување на меѓународниот тендер за Интелигентниот...

Со грант од Светска банка набавени комунални возила за две јавни претпријатија во Охрид

Преку грант на Светска банка, Oпштина Охрид набави четири нови возила за потребите на јавните претпријатија „Охридски комуналец“ и „Нискоградба“. Преку овој проект се набавија едно специјално возило - камион со инсталирана надградба кипер, едно специјално товарно возило - камион со дупла кабина, една комбинирана машина ровокопач - утоварувач и една машина ровокопач - мини багер хидрауличен на гасеници. Возилата...

Error 1200: Најголемиот проблем на “градоначалникот“ во Тетово (видео)

Че Тим ТВ со поддршка на „Порталб.мк“ продолжува да го третира проблемот со немањето јавен превоз во Тетово. Засега, ова веројатно е најголемиот проблем на нашиот “градоначалник“. Иако градот Тетово со околината има над 100.000 жители, јавниот превоз и понатаму останува едно од неисполнетите ветувања за оваа општина. Градоначалничката Теута Арифи во два последователни мандати вети дека ќе се реши...

Гувернерката и министерката за финансии на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, учествува на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светскатa банка (СБ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да се сретне со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на...

Општина Тетово по вторпат формира претпријатие за јавен превоз, но автобуси нема

Иако сè уште нема автобуси ниту организиран јавен превоз, Општина Тетово по вторпат го основа претпријатието за јавен превоз „Тетово Транспорт“. Ова претпријатие веќе има директор, но се очекува истото да „заживее“ кога Тетово ќе има возила за превоз. Дотогаш, жителите на градот повторно ќе чекаат на јавен превоз, пишува „Порталб.мк“. Во ноември 2014 година, Советот на општина Тетово донесе...

„Интелигентниот видео надзор“ на автопатот од Табановце до Гевгелија ќе ја чека 2022 година

Наместо да биде распишан годинава, тендерот за воведување на интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10 ќе биде објавен во првата половина од 2020 година. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектната документација за изградба на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот била испратена на ревизија до Градежниот факултет при УКИМ и...

Во Кочани, Неготино, Кавадарци и скопска Кисела Вода ќе се градат нови градинки

Кочани, Неготино, Кавадарци и скопската Кисела Вода се првите четири општини од вкупно 17 во коишто ќе се градат нови градинки со грант од Светската банка. Само за градежните работи на овие објекти ќе се издвојат 220,7 милиони денари (3,58 милиони евра), информираат од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се...

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

И покрај тоа што контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец веќе е пуштен во употреба, контролата со камери засега е воспоставена единствено на патарините. На автопатот Демир Капија - Смоквица се врши видео мониторинг на сообраќајот, но со посебен контролен центар лоциран во Неготино. Од ЈП за државни патишта за „Мета“ велат дека имплементацијата на...

Во Стратегијата на Светска банка за нашата држава, ќе се реализираат проекти од 420 милиони евра

Во рамки на Стратегијата за соработка помеѓу нашата држава и Светска банка, Министерството за финансии денеска потпиша и Меморандум за разбирање со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ и со СЕКО, за развој и спроведување на Проектот за лесна индустрија на Југоисточна Европа. Според министерот за финансии овој проект ќе помогне да се подобри конкурентноста на македонските добавувачи во регионот на Југоисточна...

Заев-Дејвидсе: Да се одржи динамиката на реализација на проектите поддржани од Светска банка

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, се сретна со извршниот директор во Светска банка, Кун Дејвидсе. На средбата заеднички била нагласена важноста на Стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, со чија што поддршка се реализираат проекти во патната инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура. При тоа, била истакната потребата за одржување на потребната динамика...

Тројца потпретседатели на Светска банка доаѓаат на Конституенцата во Скопје

Трoојца потпретседатели на групацијата на Светска банка ќе присуствуваат на Конституенцата на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која ќе се одржи од 21 - 22 јуни во Скопје. Станува збор за потпретседателот на Светска банка за Европа и Централа Азија Сирил Милер, потпретседателот за човечки развој на Светска банка Анет Дискон и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...