fbpx

Во Кочани, Неготино, Кавадарци и скопска Кисела Вода ќе се градат нови градинки

Само за градежните работи на овие објекти ќе се издвојат 220,7 милиони денари, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се очекува да бидат изградени и опремени до средината на 2021 година

-

Кочани, Неготино, Кавадарци и скопската Кисела Вода се првите четири општини од вкупно 17 во коишто ќе се градат нови градинки со грант од Светската банка. Само за градежните работи на овие објекти ќе се издвојат 220,7 милиони денари (3,58 милиони евра), информираат од Министерството за труд и социјална политика. Вкупниот капацитет на градинките е 552 деца, и се очекува да бидат изградени и опремени до средината на 2021 година.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, градоначалниците Николчо Илијев, Тони Делков, Филип Темелковски и Тодор Ефремов, овластен претставник на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, денеска ги потпишаа договорите за доделување на неповратните средства за изградба на новите градинки во четирите општини.

– Нашата цел е само со поддршката од Светска банка до јуни 2024 година да обезбедиме 7.500 нови места во градинките. Истовремено работиме на подготовка на проекти за останатите 13 апликации кои се избрани на првиот јавен повик, и во следните неколку месеци очекуваме и со овие општини да потпишеме договори за грант – изјави министерката Царовска.

Со средствата обезбедени од ова министерство, во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти низ неколку општини. Во периодот од мај 2017 до мај 2019 година е вложено во изградба, реконструкција и опремување на вкупно 31 објект за детска заштита низ земјава. Следниот јавен повик за доделување грантови на општините за изградба на нови градинки ќе биде распишан во средината на наредната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...