fbpx
Таг: светска банка

таг: светска банка

Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и на Светската банка ќе се одржи во Скопје

Состанокот на Холандско-белгиската конституенца на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и на Светската банка (СБ) ќе се одржи од 21 до 23 јуни во Скопје. Организатори на ова издание на состанокот се Народната банка и Министерството за финансии. Во Холандско-белгиската конституенца, покрај Холандија, Белгија и нашава земја, којашто годинава е домаќин на овој значаен меѓународен настан, членуваат и Босна и Херцеговина,...

Светска банка со 26,2 милиони евра ќе ги олеснува трговијата и транспортот на Западен Балкан

Со 26,2 милиони евра од Светска банка ќе се подобрува инфраструктурата, модернизираат институциите и зајакне нивната соработка, со цел олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Денеска беше потпишан договор помеѓу Министерството за финансии и Светска банка за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Ова е регионален проект, во кој покрај нашата земја,...

Подобри услови за фирмите и помали трошоци ќе се обезбедат со дел од 420 милиони евра од Светска банка

Подобри услови за фирмите и помали трошоци за стопанисување ќе обезбедат дел од проектите од Рамката за партнерство во износ од 420 милиони долари, од Светска банка, информираат од Министерство за финансии. Преку нив, ќе се намалат увозните и извозните трошоци на фирмите, а исто така ќе се обезбеди поврзување на домашните фирми со странските инвестиции. „Светска банка оценува дека трошоците...

Светска банка ќе одобри 420 милиони долари за инфраструктурни проекти и вложување во човечки капитал

Бордот на директори на Светска банка набргу ќе ја усвои Рамката за партнерство 2019-2023 со која на Република Северна Македонија и се ставаат на располагање 420 милиони долари, информираат од Министерство за финансии. Тие се наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал. - Ние очекуваме дека следниот месец, Светска банка на...

Новиот извршен директор на Светска Банка, Дејвидсе во дводневна посета на земјава

Денеска и утре во официјална посета на нашата држава е новиот извршен директор на Светска банка, Кун Дејвидсе. Министерот за финансии Драган Тевдовски ќе биде негов домаќин, а планирани се повеќе средби на високо ниво. „Во рамки на својата посета Дејвидсе ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министри од Владата. Теми на...

За олеснување на трговијата и транспортот, 26,2 милиони евра заем од Светска банка

За да се намалат трошоците за трговија и да се зголеми ефикасноста на транспортот, Министерството за финансии во име на Владата ќе склучи договор за заем со Светска банка во износ од 26,2 милиони евра, информираат од таму. Договорот ќе биде потпишан по донесувањето на Закон за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој по Договорот за заем за...

Македонскиот и грчкиот народ ги зближуваат невработеноста и сиромаштијата (инфографик)

Со ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент се отвора ново поглавје во политичките односи меѓу Македонија и Грција, а уште поважно се создава можност за поголема економска соработка меѓу двете земји која досега беше обременета со несогласувањата околу спорот за името. Главните економски параметри покажуваат дека нашата држава е економско џуџе во споредба со Грција, но и дека заедничка...

Светска банка со прогнозите ги урна желбите на Владата дека 2019 ќе биде економска година

Пораст на домашниот бруто-производ (БДП) во Македонија од 2,9 отсто во 2019 година предвидува Светската банка во најновиот јануарски извештај, што е сигнал дека тешко ќе се остварат најавите на Владата дека годинава ќе биде економска година. Во Светска банка очекуваат конечните податоци за 2018 година да покажат дека лани економскиот пораст во земјава изнесувал само 2,5 отсто. Од банката...

Светска банка: Со просечни 2,8 проценти пораст, ќе ви требаат 70 години да ја стигнете ЕУ

Светска банка смета дека Македонија има голем потенцијал за забрзување на економскиот пораст, за намалување на сиромаштијата и за подобрување на животниот стандард, особено за луѓето во најдолниот дел на распределбата на приходите. Ова денеска беше посочено на презентација на анализата „Постигнување посветла иднина за сите“ во која се разгледува напредокот на Македонија во текот на 27 години по остамостојувањето, а...

Светска банка со позитивна оцена за реформите на системите за социјална и детска заштита

Светска банка дава позитивна оценка за реформите на системите за социјална и детска заштита, предложени од Министерството за труд и социјална политика, со кои се очекува трајно да се намали сиромаштијата во Македонија и да се обезбедат еднакви услови за раст и развој за секое дете, информираат од МТСП. Во рамките на извештајот се препорачува и поддржува трансформација на програмата...

ЕБОР, ЕИБ и ГСБ со ново истражување на компаниите во 40 земји, меѓу кои и ние

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Групацијата Светска банка (ГСБ) воведуваат нова рунда на истражувања на претпријатијата во повеќе од 40 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Целта на истражувањето е да се добијат повратни информации од претпријатијата од приватниот сектор за состојбата на бизнис опкружувањето во секоја земја учесничка и да се искористат овие...

Заев на средба со делегација од Светска банка: Поддршка за стабилната буџетска политика

Премиерот Зоран Заев се сретна со високите претставници од Светска банка, потпретседателот за Европа и Централна Азија, Сирил Мулер, регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија. На средбата разговарале за долгорочната системска и аналитичка поддршка на Светска банка во досегашната и идната соработката со Македонија. „Одржливоста на нашите капацитети е нешто...

Тевдовски: Преку инвестирање во подобри јавни услуги, ќе постигнеме одржлив развој

Македонија е прва земја во регионот која ќе воведе гарантиран минимален приход, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски во своето обраќање на Годишните средби на ММФ и Светска банка. Министерот обраќајќи се на панел од високо ниво, посочи дека одржлив раст може да се постигне само преку вложување во подобар живот за граѓаните, односно преку подобар систем на социјална заштита,...

Тевдовски со Гутереш и Гурија панелисти на годишните средби на ММФ и Светска банка

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денеска ќе има обраќање на настан од високо ниво во рамки на Годишните средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. На панелот, на кој ќе се обрати Тевдовски, ќе говори и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој...

Светска банка предвидува економски пораст од 2,5 проценти за годинава

Светска банка предвидува економски пораст од 2,5 проценти на Македонија за оваа година, 2,9 за следната и 3,2 проценти за 2020 година беше кажано денеска на презентацијата на редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан. Од Светска банка оценуваат дека економијата во 2018 година закрепнува како резултат на порастот на приватната потрошувачка и повратот на...

АРМ по пет години ќе го достигне буџетот што го имаше од пред десет години (инфографик)

Македонија до 2024 година ќе го зголеми буџетот за одбрана на 2 отсто од бруто-домашниот производ за да ја исполни препораката од НАТО, усвоена на самитот во Кардиф, Велс во 2014 година, земјите членки во следните десет години да го достигнат тоа ниво на финансирање на одбраната. Но, со зголемувањето на буџетот на 2 отсто од БДП одбраната, всупност,...

70 милиони евра од Светска банка за подобри локални патишта

За реконструкција и изградба на локални патишта ќе се инвестираат околу 70 милиони евра, кои ќе се обезбедат преку Светска банка, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на потпишувањето на договорите за финансирање на општинска инфраструктура преку Проектот за подобрување на општинските услуги. -  Станува збор за средства од четиригодишната стратегија за соработка со Светска банка, кои сметаме дека...

Земјоделството е приоритет на Светска банка во нова стратегија за партнерство со државата

Светска банка започнува со подготовка на новата стратегија за партнерство со Македонија, во која што земјоделството е високо на листата на приоритетни сектори, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. На состанокот, министерот Љупчо Николовски го информирал директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели за сегашните и идните реформи кои ќе ги спроведува МЗШВ, искористувањето на средствата од...

Гувернерката Ангеловска – Бежоска учествува на Годишното генерално собрание на БИС

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска - Бежоска, денеска и утре, во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка во областите на монетарната и финансиската стабилност и за унапредување на комуникацијата меѓу централните банки за клучните теми кои што го засегаат централнобанкарското работење на глобално ниво, информираат од НБРМ. „Денеска,...

Тевдовски: 33,4 милиони долари за грантови за градинки и социјални услуги

Грантови за општините за изградба на нови градинки, за реновирање на постоечки и пренамена на постојни објекти во институции за деца на предучилишна возраст, најави министерот за финансии Драган Тевдовски на отворењето на првата градинка во Oпштина Чашка, каде присуствуваше и министерката за труд и социјала Мила Царовска. Станува збор за проект во износ од 33,4 милиони долари, кој Светска...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...