Во Стратегијата на Светска банка за нашата држава, ќе се реализираат проекти од 420 милиони евра

-

Во рамки на Стратегијата за соработка помеѓу нашата држава и Светска банка, Министерството за финансии денеска потпиша и Меморандум за разбирање со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ и со СЕКО, за развој и спроведување на Проектот за лесна индустрија на Југоисточна Европа.

Според министерот за финансии овој проект ќе помогне да се подобри конкурентноста на македонските добавувачи во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) како и да се зголеми нивната интеграција во еврозоната.

Настанот се одржа во рамки на годишните средби на Холандско-белгиската конституенца на ММФ и Светска банка. Во рамки на Стратегијата ќе се реализираат проекти во вредност од 420 милиони долари

По тој повод потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер денеска ја презентираше четиригодишната Стратегија за соработка.

Милер вели дека Стратегијата се фокусира на три области. Првата област е насочена кон проекти за зголемување на конкурентноста на компаниите. Според него многу е важно бизнисите да станат поконкурентни бидејќи на овој начин ќе има и поголема вработеност.

„Втората област е вложување во човечки капитал, бидејќи една земја ја прави поконкурентна токму човечкиот капитал. Третата е фискална одржливост и заштита на животната средина во чии рамки се предвидени проекти за енергетска ефикасност“, рече Милер.

Тевдовски информираше дека во рамки на Стратегијата, 70 милиони евра ќе бидат инвестирани за локални патишта, 26 милиони евра за подобрување на транспортот и трговијата на Западен Балкан, додека 25 милиони евра ќе се инвестираат за енергетска ефикасност.

Со Меморандумот пак, ќе се дефинираат идните активности што ќе бидат насочени кон подобрување на конкурентноста на домашните фирми во автомобилската индустрија, производство на машини и опрема и производство на електрични уреди.

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...