fbpx

„Интелигентниот видео надзор“ на автопатот од Табановце до Гевгелија ќе ја чека 2022 година

Проектната документација за изградба на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот била испратена на ревизија до Градежниот факултет при УКИМ и ангажиран тим од ЕУ инструментот КОНЕКТА, кои имале забелешки за проектот

-

Наместо да биде распишан годинава, тендерот за воведување на интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10 ќе биде објавен во првата половина од 2020 година. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектната документација за изградба на комуникациско – информациски систем за контрола и управување на сообраќајот била испратена на ревизија до Градежниот факултет при УКИМ и ангажиран тим од ЕУ инструментот КОНЕКТА, кои имале забелешки за проектот.

– По добивање на ревидентски извештај со забелешки, проектантот ја преработи документацијата и истата ја достави на повторно разгледување до Градежен факултет Скопје во јуни 2019 година – велат за „Мета.мк“ од надлежното министерство.

Со воведувањето на интелигентниот транспортен систем треба да се постават камери и друга опрема за видео надзор на тунелите, мостовите и другите точки долж автопатот од Табановце до Гевгелија. Од Контролниот центар на ЈП за државни патишта во Петровец, деноноќно ќе се мониторира сообраќајот преку видео мониторинг. Во случај на сообраќајна незгода или гужви на автопатот, контролорите на најбрз начин ќе можат да одговорат на настанатата ситуација. Несовесните возачи со новиот систем ќе можат и полесно да се казнат, бидејќи прекршокот ќе биде снимен со камерите.

Новиот проект вреден 18,6 милиони евра ќе обезбеди контрола на висината на возилата кои пристапуваат на патот, систем за собирање на податоци за временските услови на автопатот и систем за детектирање на транспорт на опасни материи. Според роковите на Министерството за транспорт и врски, системот за „интелигентен видео надзор“ би бил ставен во функција во 2022 година.

На почетокот од годинава, Министерството за финансии ја објави „Програмата за економски реформи 2019-2021 година“, во која беше предвидено тендерот за интелигентниот транспортен систем да биде распишан во текот на годинава, додека севкупните активности на автопатот долж Коридор 10 да се имплементираат до 2021 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...