Со грант од 1,1 милион евра за техничка помош, општините ќе градат и санираат патишта

-

Локални патишта во должина од 270 километри ќе бидат изградени или санирани со проектната документација што 78 општини ја добивaат од Министерство за финансии.

Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што со Светска банка го реализира посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините.

– Досегашното искуство покажа дека општините или воопшто немаат техничка документација за проектите кои сакаат да ги реализираат, или пак немаат комплетна техничка документација, согласно насоките и барањата на меѓународните фондови. Тоа често доведува до недоволна искористеност на меѓународните фондови. За да се надмине ваквата состојба, дел од средствата наменети за техничка помош беа искористени токму за оваа намена- рече министерката за финансии Нина Ангеловска.

Со готовите проекти, првите 35 општини ќе можат да изградат или да аплицираат за финансирање за околу 105 километри локални патишта, а бенефит ќе имаат над 120.000 жители. До крајот на март оваа година ќе се изготви техничката документација и за останатите општини.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава Марко Мантованели истакна дека се исклучително задоволни од досегашната реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, со кој досега биле изградени повеќе од 24 илјади водоводни приклучоци, повеќе од 200 илјади луѓе имаат пристап до редовно собирање на цврст отпад, како и над 200 километри локални патишта се веќе изградени.

– Ова е исклучително важна инвестиција и во однос на една паралелна операција која ја поддржуваме, каде финансираме 70 милиони евра во локални патишта со Министерството за транспорт, каде што општините ќе имаат пристап до овие финансии на грантовска основа, кои ќе варираат од 150 илјади евра од најмалиот до најголемиот 1,7 милиони евра – рече Мантованели.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, рече дека со изготвената проектна документација, населбата Хиподром ќе добие целосна патна инфраструктура, која ќе ги поврзе новиот и стариот дел, проблем кој чекал на реализација повеќе од 16 години.

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за креативна одржливост...

Првата антикорупционерка Димитровска осомничена во предметот „Адитив“

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, попладнево е повикана и однесена во Кривичниот суд, потврдија од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Оттаму...

Француската агенција за развој на медиумите објави конкурс за креирање постер за борба против дезинформациите во Западен Балкан

Како дел од проектот „Balkan Voices 2“ и „Shared Horizons“, Француската агенција за развој на медиумите (CFI) објави конкурс за креирање на постер, кој што ќе служи како регионална иницијатива чија...

Завршен настан на ХЕРА: Родовата еднаквост е реалност не само цел

Под мотото „Ти и јас во еден глас: Родовата еднаквост – наша заедничка мисија“, денес во Скопје, се одржа завршниот настан на проектот „Заедно за родова еднаквост: Градење поддршка за родово...

Оваа сабота ќе се одржи вториот маалски бувљак во Железара во дворот на „Комбо“

Вториот „Маалски бувљак“ во организација на „Јуроп хаус – Скопје“ ќе се случи на 26 април (сабота) со почеток во 12 часот во дворот на „Комбо“ – здружение за...