fbpx
Таг: судство

таг: судство

Амбасада на САД: Да не се врши политички притисок врз Специјалното обвинителство

Амбасадата на САД во Македонија денеска повторно ѝ изрази поддршка за работата на специјалната обвинителка Катица Јанева и на нејзиниот тим и побара од властите целосно да ги спроведат највисоките стандарди на владеење на правото. „САД целосно го поддржуваат Специјалното јавно обвинителство и неговата улога во истражувањето и во покревањето обвиненија за криминалните дејства што произлегуваат од прислушуваните разговори. Нејзиното назначување...

ЛДП: Сваровски-судството направи ерозија на правосудниот систем

Власта направи целосна ерозија на квалитетот, стручноста и на моралот на правосудството во Македонија, се вели во соопштението на ЛДП. Генералниот секретар на форумот на жени на ЛДП, Даница Чадиева, обвини дека „власта од судството направи мрежа од роднински, брачни и од вонбрачни партиски судии.“ - Денес, од 770 судии, колку што има во Македонија, околу 400 се избрани во време на...

Камбовски: Силно експертско тело за ревизија на законите за судството

Формирање на силно експертско тело, кое во соработка со Министерството за правда и со судовите, ќе направи ревизија на повеќе закони од областа на судството, предложи претседателот на Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ), Владо Камбовски, на денешната научна и стручна дебата посветена на независноста на судството. Камбовски посочи дека прашањето за независноста на судството не е прашање...

Заев: Идната година во вистинска слобода да го дочекаме Денот на независноста

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од партиска делегација, Денот на независноста го прослави со граѓаните во месноста Три Круши. Заев, на присутните им кажа дека делегацијата го посетила гробот на Киро Глигоров и својот говор го почна цитирајќи го првиот македонски претседател со говорот што го одржа на денот кога беше прогласена независноста. Претседателот на опозицијата кажа пред граѓаните...

Амбасада на Германија: Специјалниот обвинител да има целосна автономија и пристап до сите материјали

Германската амбасада во Македонија денеска соопшти дека има големи очекувања во врска со именувањето на специјалниот обвинител на 15 септември, утврдено со договорите од 2 јуни и од 15 јули. - Ова именување претставува важна обврска од споменатите договори, бидејќи специјалниот обвинител треба да обезбеди независна, транспарентна и сеопфатна правна разврска на обвиненијата за тешките престапи што произлегуваат од телефонските снимки....

Промоција на два проекта за правосудниот систем

Центарот за правни истражувања и анализи од Скопје денеска ќе ги презентира проектите „Поддршка за воспоставување на унифицирана судска пракса во македонскиот правен систем“ и „Развивање на индикатори за мониторинг на перформансите на правосудниот сектор“. Проектите, кои ќе се спроведуваат годинава и следната година, се поддржани од Амбасадата на Велика Британија во Македонија. На промоцијата е најавено присуство на британскиот амбасадор...

СДСМ: И „Фридом хаус“ го нотираше падот во сите категории

Во најновиот извештај на релевантната меѓународна организација „Фридом хаус“, Македонија повторно е оценета како земја во која владее хибриден режим, реагираат од СДСМ. Во соопштението на опозициската партија пишува дека извештајот на „Фридом хаус“ содржи недвосмислени критики за спроведувањето на изборниот процес, состојбата во медиумите, за загрозувањето на основните човекови права и слободи. „Во извештајот е наведено дека Македонија продолжува да...

Извештај на ЕУ: УБК била алфа и омега во државата

Експертскиот извештај на ЕУ нотира сериозни недостатоци во пет области: следење на комуникациите, судство и обвинителство, надворешниот надзор од независни тела, избори и медиуми, објави „А1 он“. Во извештајот пишува дека снимките од прислушуваните разговори, според содржината, упатуваат дека се направени во просториите на националната разузнавачка служба. „Содржината на многу од снимките упатува на индикации на незаконски активности и злоупотреба на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го напаѓа судството за да го одбрани криминалот на Заев

СДСМ го брани криминалот на својот лидер, Зоран Заев, и на неколкуте луѓе од раководството на партијата, напаѓајќи го судството, соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Ова од СДСМ го прават свесно и систематизирано за да се одбранат од институциите кои имаат обврска да постапуваат по предмети за криминал на Заев или на кој било друг. Тие се обидуваат свесно да го...

„Бомбата“ ги потврди јавните тајни. Проверено!

Телефонските разговори, кои на двапати ги објави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, иако не предизвикаа тектонски поместувања, сепак покажаа дека речиси сè во што сме се сомневале дека се прави во државава - било точно! „Бомбите“ на Заев како да претендираат да го потврдат насловот на последната програма со која ВМРО-ДПМНЕ излезе на избори - „Проверено“. Така, ако досега имаше сомневања дека...

Шилегов: Груевски денеска потврди дека прислушувал

Никола Груевски потврди дека прислушувал во Македонија, заедно со неговиот братучед, директорот на УБК, Сашо Мијалков, изјави Петре Шилегов, портпарол на СДСМ, денеска на прес-конференција. - Груевски потврди дека тој и неговите најблиски соработници направиле упад во правосудството: местеле обвинителско-судски одлуки, избирале и разрешувале судии по партиска подобност. Тоа го говори бегството на Никола Груевски од коментар на скандалозните содржини...

За три месеци 44 судски случаи за навреда и за клевета

Околу 50 судски случаи за навреда и клевета мониторирал Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) во периодот од 14 јуни до 15 октомври оваа година. Во извештајот кој беше презентиран на денешната дебата „Навреда и клевета - јамка за слободното изразување“, која се одржа во Клуб на новинари, пишува дека во рок од три месеци биле мониторирани вкупно 44...

„Твич“ ги укина новите правила за рекламирање откако стримерите почнаа да ја напуштаат платформата

Услугата за пренос во живо „Твич“ објави дека ги укинува своите нови правила за рекламирање - одлука што ја донеле откако неколку стримери најавија дека ја напуштаат платформата. Оваа платформа,...