fbpx

Груевски: Судот да не подлегнува на притисоци

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ги повика судските органи да не подлегнуваат на притисоци и да продолжат да работат во согласност со законите.

– ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува правосудните органи да не подлегнуваат на никакви притисоци, да работат исклучиво согласно словото на законот и да не дозволат да бидат вовлечени во политичка кампања – рече Груевски, на промоцијата на проектите за младите.

Изјавата на Груевски доаѓа откако Основниот суд Скопје 1 денеска го отфрли барањето на Специјалното јавно обвинителство да им одреди мерка притвор на осумте осомничени за изборни нерегуларности од акцијата „Титаник“, а меѓу кои се и поранешните министри, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, генералниот секретар Кирил Божиновски и градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

Груевски повторно го обвини опозицискиот СДСМ дека води деструктивна политика на штета на граѓаните и на државата.

– Додека ние промовираме проекти и реформи, нови фабрики и нови работни места, некој упорно се обидува да промовира афери, манипулации и скандали. Додека ние се бориме за стабилност, привлекување инвестиции и за отворање нови работни места, некој се обидува да конструира кризи и тензии и да ја влече нашата земја кон дното. Би рекол, кој за што се определил во своето дејствување. Но, деновиве сме сведоци на кулминација на таквата деструктивна политика на СДСМ. Деновиве сме сведоци на уцени, закани, навреди и на провокации. Се обидуваат да наметнат закони за цензура и да го опструираат единствениот излез од кризата што ја наметнаа, а тоа се изборите на 24 април, на кои само народот одлучува – рече Груевски.

Лидерот на владејачката партија рече дека СДСМ, ако нема криза и ако нема конфликт, немаат што да им понудат на граѓаните.

– Затоа се плашат од излегувањето на земјава од кризата и затоа не сакаат да се соочат со граѓаните на 24 април. Жално е што тие мислат дека кризата на целата држава е излез од состојбата во која тие се наоѓаат. Од тие причини, Зоран Заев очајнички бара помош. Каква било. Од тие причини тој најавува обвиненија, најавува притвори и се надева дека тоа ќе влијаело на кампањата како што изјави пред неговите сопартијци во Капиштец – рече Груевски, додавајќи дека Заев не може да разбере дека ВМРО-ДПМНЕ е поголема од неговите закани и од неговите криминогени, деструктивни планови.

Груевски, исто така, рече дека со деструкција и со фабрикување афери не може да се освои довербата на граѓаните.

– Граѓаните знаат кој работи во нивна корист и тоа ќе го потврдат по десетти пат, без разлика на атмосферата што се обидуваат да ја креираат СДСМ и нивните медиуми, без разлика на аферите, измислиците и подметнувањата. Правдата и вистината на крајот секогаш ќе победат – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...