fbpx
Таг: судство

таг: судство

Груевски: Немаме донесено одлука да се повлечеме од Собранието

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска по рочиштето за случајот со насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, во јавноста познат како „Шамари“, во изјава за медиумите обвини за протекционизам во судството. - Судот, за случаите во кои се обвинети членови на ВМРО-ДПМНЕ, рочиштата ги закажува на два-три дена, со набиена агенда, додека случаите за кои е обвинет Зоран...

ИДСЦ: Планот „3-6-9“ е несоодветно подреден, а „тројката“ е нецелосно исполнета

Наспроти тоа што го кажа Владата, дека делот „3“ од планот „3-6-9“ е целосно исполнет, активностите предвидени за првите три месеци од реформскиот план се само делумно реализирани. Исто така, во планот има несоодветно подредување на приоритетите, па некои побитни се сместени подолу во редоследот на важноста, велат од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од каде го презентираа својот...

ВМРО-ДПМНЕ: Со одложувањето на рочиштето за „Поткуп“, судството го допре дното

Одложувањето на рочиштето за предметот „Поткуп“ на неопределено време е уште еден доказ дека судството под притисок на СДС го допре дното, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Правдата и законите во оваа држава важат за сите освен за Зоран Заев и за криминалното партиско раководство околу него, велат од партијата. - Нема кривично дело за кое судењето не можело да почне повеќе од две...

Прибе: Од суштинско значење е да се обезбеди кривична одговорност на сите сторители

Поминаа речиси две години откако СЈО почна со работа и никој, всушност, не е осуден, а тоа создава перцепција за неказнивост, се вели во извештајот на експертската група на Рајнхард Прибе, која во јули престојуваше во Македонија. Постои дупка помеѓу легислативата и нејзината примена. Групата генерално смета дека однесувањето на некои функционери може да биде најголемата пречка за реформите правилно да се применат. Во...

Заев – Бјорнстад: Норвешка ќе помага во области значајни за евроинтеграцијата

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Норвешка, Арни Бјорнстад. На средбата била договорена поддршка од Кралството Норвешка на Македонија во повеќе области значајни за евроатлантските интеграции на земјава. „Станува збор за помош од Норвешка во подобрување на административните и на законските капацитети, во судството, за исполнување на условите од поглавјето 24 од Извештајот на ЕК за Македонија,...

Спасовски: Трулото судство овозможи да избегаат Грујовски и Бошковски

Бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски не е неуспех на македонската полиција, тоа покажува колку е труло македонското судство, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека одговорноста за бегањето на поранешниот директор на петтата управа и на неговиот соработник треба да се бара кај судииите. - За ова треба да се поднесе одговорност бидејќи беше оставено време овие...

СДСМ: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ вршеше притисоци врз судството

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го партизираше судството, а преку сваровски-инсталациите од тефтерот на Гордана Јанкуловска, го злоупотребуваше правосудниот систем да врши прогон и да се пресметува со неистомислениците на Никола Груевски и неговите соработници, реагираше СДСМ на денешната прес-конференција на Бојан Стојанвски од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека обвиненијата на СЈО се само наратив од прес-конференциите на Заев и служат единствено...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС има намера комплетно да го партизира судството

Вицепремиерот Бујар Османи залудно се обидува да лаже и да ја манипулира јавноста дека граѓаните лошо го разбрале Зоран Заев за генералниот реизбор на судии што планира да го реализира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на вицепремиерот Османи. „Владата на СДС има намера комплетно да го партизира судството и да го стави под своја контрола, како во...

Стаменковска: СДС со фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството

СДС со фркчовистички совет ќе се обиде да го контролира судството и да инсталира нови „Катици“ за да има целосна контрола, изјави денеска на прес-конференција Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ Таа додаде дека „безобразно“ е сега Зоран Заев да го предлага лустрираниот Љубомир Фрчковски за реформатор на судството, исто како што е „безобразно“ на претседателот на комисијата за политички систем на...

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. - Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување на условената препорака за почеток на...

Вангеловски побарал од Прибе во реформите активно да бидат вклучени и судиите

Актуелната состојба во судството и препораките од извештајот на експертската група на Европската комисија од 2015 година биле во фокусот на средбата меѓу претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и експертот на Европската Унија, Рајнхрад Прибе. На средбата, како што соопштија од судот, Вангеловски истакнал дека реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите, заради...

Ристовски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи партизација на правниот систем

„Зоран Заев, кој беше фатен на дело како бара поткуп од 200.000 евра, сакаше да се изземе видеоснимката на која јасно се гледа како прави кривично дело. Сакајќи да избега од правдата, Зоран Заев заговара контрола и завладување на судскиот систем во Република Македонија“, изјави денеска на прес-конференција Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ. - Намерата за партизација на судството е да...

Саити – Жбогар: Во реформите во судството да се вклучат сите релевантни фактори

Актуелните предизвици во судството и иднините чекори во контекст на најавените реформи биле тема на денешната средба меѓу претседателот на Здружението на судиите на Македонија, Џемали Саити, и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. „Саити го информираше амбасадорот Жбогар за тековните активности и за приоритетите на Здружението во однос на најавените реформи во судството. Акцентот беше ставен на...

Создавање независно судство не е невозможна мисија, смета Цаца Николовска

Мисијата за создавање на независно судство во земјата не е невозможна, прашање е само на начин како ќе се изведе, вели Маргарита Цаца Николовска, потпретседателка на Врховниот суд на БиХ и поранешна судијка во Судот за човекови права во Стразбур, во интервју за Радио Слободна Европа. Таа истакнува дека потребно е обемно преоценување на работата на судиите, на обвинителите, па...

СДСМ: Ќе има реизбор во судството, Груевски не се прашува

„Граѓаните гласаа за промени и избраа Македонија да биде правна држава, а тоа подразбира темелни реформи во судскиот систем и реизбор во судството спроведен според најдобрите европски практики. Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не можат со ниту една лага и манипулација да го спасат „сваровски-судството“. Секој што работел противзаконски на штета на граѓаните, ќе одговара пред независни судски органи....

СДСМ: Одговорните во ВМРО-ДПМНЕ да поддржат реформи на „сваровски-судството“

Ќе има реизбор во судството по најдобрите европски практики и Македонија ќе биде правна држава, порача СДСМ денеска, преку соопштение како одговор на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која зборуваше Горан Манојлоски. „Реизбор во судството и правна држава, како што им вети на граѓаните, ќе обезбеди новата реформска влада. Очекуваме чесните и одговорни политичари и пратеници во опзициската ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат...

Костовски: Судството за време на СДС го допре дното

„СДС еднаш веќе го имаше унакажано и целосно партизирано судството со реизбор на 600 судии, кои ги имаа поминато нивните партиски филтри“, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на интервјуто на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за „Радио Слободна Европа“. Според него, судството тогаш го допрело дното. „Сега Заев сака да го реализира истото сценарио само за да...

Заев: Како премиер, најпрво ќе преземам мерки поврзани со интересите на граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека до крајот на месецот очекува да стане премиер и првите мерки што ќе ги преземе новата влада ќе бидат поврзани со интересите на граѓаните. Тој во интервјуто зборува за реформите кои се предвидени со новата програма, но и за претстојните локални избори. „Едно решение кое мораме да...

Жбогар и Вангеловски разговарале за назадувањето на судството

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска имал средба со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, на која било разговарано за состојбите во македонското судство. Детали од средбата нема, но Жбогар на социјалната мрежа „Твитер“ кратко соопшти дека: „Со претседателот на Врховниот суд разговаравме што сè треба да се направи за да се запре назадувањето во судството. Правото треба да важи за сите...

Бушати се сретна со Габриел и со Кундерс во Тирана

Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, денеска се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, како и со министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. На заедничка прес-конференција Кундерс ја истакнал важноста од спроведување на реформи во судството. „Сметам дека е важно да се има дијалог, слобода, слободни и фер...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...