fbpx

Камбовски: Силно експертско тело за ревизија на законите за судството

-

Формирање на силно експертско тело, кое во соработка со Министерството за правда и со судовите, ќе направи ревизија на повеќе закони од областа на судството, предложи претседателот на Македонската академија на науките и на уметностите (МАНУ), Владо Камбовски, на денешната научна и стручна дебата посветена на независноста на судството.

Камбовски посочи дека прашањето за независноста на судството не е прашање на политичките опции, туку на човековите права и слободи.

– Какво било решение да произлезе од политичките разговори кое нема да оди по таа линија, науката секогаш ќе го критикува како неприфатливо, поаѓајќи од вредносниот критериум за независното судство во функција на заштита на човековите слободи и права – рече Камбовски.

Претседателот на МАНУ го истакна значењето на извештајот на експертската група на Европската унија, предводена од Рајнхард Прибе, чии препораки во најголем дел се однесуваат на деполитизација на одлуките за именување и за унапредување на судиите и на јавните обвинители, на зајакнувањето на улогата на Судскиот совет во гарантирањето на независноста на судството, во прецизирањето на транспарентноста и процедурите за избор, разрешување и дисциплинска одговорност и во одбрана на судовите и на судиите од политички и од други влијанија.

– Од една страна се наоѓа неприкосновената судска власт, која е во рацете на судовите и на чело стои Врховниот суд, а од друга страна се наоѓа помошниот Судски совет. Судскиот совет не е врв на судската власт, туку е самостојно тело кое ја гарантира судската власт со така поставената хиерархија. И не случајно дел од препораките на Прибе се однесуваат на Судскиот совет и на барањето тој да ја зајакне својата позиција како гарант за независноста на судството – истакна претседателот на МАНУ.

Германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер, која учествуваше на дебатата, рече дека самиот избор на специјален јавен обвинител покажува дека работите не се такви какви што треба да бидат.

– Неопходноста да се дискутира на ова тема покажува дека работите не се онака како што треба да бидат. Фактот што специјален јавен обвинител треба да работи на случаи што во други земји се вршат во вообичаени обвинителства, покажува дека нема доволна независност – рече амбасадорката Алтхаузер.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
udemy course download free
download intex firmware
Download Nulled WordPress Themes
lynda course free download