fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го напаѓа судството за да го одбрани криминалот на Заев

-

СДСМ го брани криминалот на својот лидер, Зоран Заев, и на неколкуте луѓе од раководството на партијата, напаѓајќи го судството, соопшти денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова од СДСМ го прават свесно и систематизирано за да се одбранат од институциите кои имаат обврска да постапуваат по предмети за криминал на Заев или на кој било друг. Тие се обидуваат свесно да го дерогираат системот во Македонија за да можат неаргументирано да ги критикуваат сите судски пресуди за криминалите во кои се замешани Зоран Заев и раководството на СДСМ“, стои во соопштението.

Владејачката партија наведува дека во изминатите неколку години биле направени голем број законски измени и реформи кои имале цел да ја зголемат и подобрат професионалноста на судството.

„Сме се соочиле се предизвиците и се справуваме со нив. Свесни сме и ние, но и граѓаните, каков судски систем наследивме од СДСМ. Токму кога СДСМ беше на власт, во Собранието директно беа изгласани 617 судии на само една седница, сите според листата на подобни судии која ја правеа во нивната партиска централа. Истите тие партиски инструирани судии потоа молчеа за грабежот на општествениот капитал, за криминалната транзиција и за богатењето на партиската олигархија на СДСМ“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...